Луиза Бендева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Била симпатизер на напредното работничко движење од 1940 година. Собирала народна помош и истата ја чувала во својот дом. Во 1943 година се грижела за исхраната на илегалците сместени по куќите во селото и кај неа. Одржувала врска со Преспа, Битола и околните села. Вршела агитација меѓу војниците што доаѓале на отсуство од бугарската војска да не се враќаат, туку да стапуваат во НОВ. Во летото 1944 година со формирањето на народната власт во село Велгошти била избрана за секретар на Галичката општина и претседателка на АФЖ. Успеала да формира во сите околни села организација на АФЖ, а исто така секоја недела организирала посети на ранети борци. Учествувала и во акцијата за симнување на зарот и фереџето и организирала за жените од народностите аналфабетски курсеви.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ