мини|281x281пкс|Шампињон Шампињон ( Agaricus bisporus ) е вид на печурка, висококвалитетна јадлива габа, див предок и еквивалент на култивираните шампињони. Може да расте во голем број и најчесто се наоѓа на отпадно земјиште, на ѓубришта и се нарекува и крањоли. Се одгледува во повеќе од 70 земји.
Живеалиште и сезона на растење Расте на ѓубришта, покрај патишта, понекогаш во жива ограда и на мали плантажи, но многу ретко во трева. Шампињоните растат од почеток до крај на летото.
Идентификација Капачето е со дијаметар од 5-10 cm, има форма на копче и е речиси рамно пред да се отвори. На површината има фини лушпички. Бојата варира од белузлава до кафена. Стеблото е долго 3-5 см, бело по боја, со изразен прстен под капачето. Ливчињата се розови и потемнуваат со стареење. Месото е бело, станува црвеникаво со текот на времето и има изразен мирис на печурка. Отпечатокот на спори е кафеав.
Едно од најважните правила при берење печурки е да не се берат млади, недоволно развиени примероци, бидејќи тие не можат со сигурност да се одредат. На пример, неразвиениот шампињон и печурката сончарка во таа фаза може да се помешаат со една од најотровните печурки во светот - зелената пупавка (Amanita phalloides).
Употреба во храната Шампињон е печурка за јадење, висококвалитетна, многу вкусна и со пријатен мирис на печурки.
Складирање Шампињон е мала печурка и добро се суши, цела или исечена на парчиња.
Подготовка во кулинарство Бидејќи оваа печурка често расте на ѓубришта или на груба почва, перд употреба најдобро е темелно да се исчисти капачето со отсекување на основата на стеблото и преполовување.
Отровни видови кои може да се помешаат со шампињони
Зелена пупавка Agaricus xanthodermus
Наводи
Литература
Категорија:Јадливи габи Категорија:Шампињон Категорија:Габи