Сема Тан (традиционален кинески:司馬談, поедноставен кинески: 司馬谈, пинјин: Sīmǎ Tán; роден околу 165 г. пр. н. е. – починат околу 110 пр. н. е.) — кинески астроном/астролог и историчар од западната династија Хан.
Неговите Записи на големиот историчар ги дополнил неговиот син Сема Ќен, кој се смета за основач на кинеската историографија.
Образование и кариера Сема Тан учел астрономија кај Танг Ду, Книга на промените кај Јанг Хе и таоизам кај мајсторот Хуанг.
На 25-годишна возраст, во 140 г. пр. н. е. бил назначен за дворски астроном и оваа функција ја извршувал до неговата смрт.
Еден од неговите есеи е зачуван во Белешките на големиот историчар. Во овој есеј, кој е дел од едно поголемо дело, Сема Тан опишува шест филозофски линии или школи:
конфуцијанство (儒家, Ру џјиа) таоизам (道家, Дао џјиа) легализам (法家, Фа џјиа) мохизам (墨家, Мо џјиа) школа на имиња (名家, Минг џјиа) школа на натуралистите (陰陽家/阴阳家, Јинјанг џјиа), чиј средиштен лик бил Ѕоу Јен
Категоризацијата на филозофиите во шест школи била доста изворна. Што се однесува до неговата оценка за овие школи, тој бил прилично пристрасен кон даоизмот, бидејќи и самиот бил следбеник на хуанг-лао, ран хански облик на даоизмот. Сема Тан започнал да ги пишува Записите на големиот историчар (Шиџји), но умрел пред да го заврши. Ги завршил неговиот син Сема Ќен.
Литература (pbk ed.)
Категорија:Родени во 2 век п.н.е. Категорија:Кинески историчари Категорија:Кинески астролози Категорија:Кинески астрономи