мини|317x317пкс|Пролетни ролни

Пролетните ролни се вид завиткано предјадење или „дим сум“, кое е често застапено во кинеската, виетнамската и кујните на Југоисточна Азија. Видот на кората, филот и начинот на подготовка, па дури и името, варираат во зависност од културата на регионот, но најчесто се полнат со зеленчук..

Регионална историја

Источна Азија

Континентална Кина Пролетните ролни се сезонско јадење што се консумира во текот на пролетта, а започнало како палачинка исполнета со пролетен сезонски зеленчук, добредојдена промена од конзервираната храна во долгите зимски месеци. Во кинеската кујна, пролетните ролни се солени ролни со зелка и друг зеленчук, завиткани цилиндрично во тенки кори направени од тесто. Традиционално се јадат за време на Пролетниот фестивал во Кина, по што го добиле и името. Популарни се и варијанти со месо, особено со свинско. Пржените пролетни ролни се мали и крцкави. Можат да бидат слатки или солени; слатките најчесто се полнат со паста од црвен грав, додека солените обично со зеленчук. Откако ќе бидат целосно завиткани се пржат во тава или длабоко.

Непржените пролетни ролни се генерално поголеми и имаат побогат вкус. За разлика од пржените, тие се подготвуваат со полнење на кората со веќе зготвени состојки. Традиционално се јадат за време на фестивалите на Студена храна и Чистење на гробови во пролет, во чест на предците. Припадниците на етничката група Хака понекогаш јадат пролетни ролни и на третиот ден од третиот месец според месечевиот календар (三月三 sān yuè sān). Кората може да биде направена од мешавина од брашно или тесто..

Хонгконг и Макао мини|Пролетни ролни во Хонгконг стил послужени со сос Пролетни ролни е пржено јадење обично сервирано во дим сум. Тие обично содржат мелено свинско месо, рендан морков, никулци од грав и друг зеленчук и се служат со сос.

Јапонија Во Јапонија, пролетните ролни се познати како харумаки (春巻き) и често се служат со караши сенф или соин сос.

Југоисточна Азија

Индонезија, Малезија, Мјанмар, Филипини, Тајланд и Сингапур десно|мини| Пржена и непржена лумпиа десно|мини| Топла и зачинета попиа во Малезија Лумпиа е името за ролни во Индонезија и на Филипините, и се изведени од јужнокинеските ролни. Името лумпиа потекнува од кинескиот израз Hokkien lunpia и била воведена на Филипинските острови во текот на 17 век. Станува збор за солена ужина направена од тенка кора, слична на палачинка, која обвиткува мешавина од разни солени состојки, најчесто сечкан зеленчук како моркови, зелка, боранија, млади бамбусови стебла, срце од банана и праз, а понекогаш и мелено месо: пилешко, ракчиња, свинско или говедско Често се служи како предјадење или закуска, а може да се служи и пржена или свежа (непржена). Во Малезија, Сингапур и Тајланд, се нарекува попија, слично како во Тајван, додека во Мјанмар, се нарекува кавпјан (ကော်ပြန့်).

Камбоџа десно|мини| Камбоџански пржени пролетни ролни сервирани со сос Камбоџанските пржени пролетни ролни се познати како чаи јор (на кмерски: ចៃយ៉) или нем чиен (ណែមចៀន). Иако потекнуваат од кинеската заедница во Камбоџа, денес тие се популарни низ целата земја. Се разликуваат од кинеските по тоа што филот често не се обработува топлински пред пржење, што ги прави полесни. Исто така, наместо сос од остриги или соин сос, во филот се додава рибин сос, а камбоџанските пролетни ролни се пржат само еднаш, освен ако не се подгреваат.

Виетнам мини|Видео демонстрација на подготовка на пролетни ролни Пржената верзија со мелено свинско или пилешко месо се нарекува царски ролни или chả giò (јужен Виетнам), nem cuốn, chả cuốn или Nem rán (северен Виетнам). Во западните земји тие често се нарекуваат „ролни со јајца“ и „пролетни ролни“, што е погрешен назив. Централен Виетнам има своја верзија на пржена пролетни ролни наречена „рам“. Тие секогаш се прават од цели ракчиња со лушпа или сецкани ракчиња без лушпа и малку зелен кромид, завиткани во оризова хартија и се длабоко пржени.

Виетнамските царски ролни се разликува од кинескиот пролетни ролни по тоа што се помали и содржат мелено или сечкано месо/морска храна: свинско месо, рак, ракчиња, пилешко, тарос или маниока, стаклени тестенини, разни печурки, и сечкани моркови. Оризовата хартија традиционално се користи како обвивка. Но, виетнамски ресторани во западните земји често за завиткување користат палачинки поради недостапноста на оризова хартија. мини|Gỏi cuốn или летна ролна Ролни од оризова хартија или летни ролни се виетнамски деликатес познат како „gỏi cuốn“. Во зависност од регионот, ролните полнети со салати се прават различно. Вегетаријанците прават вегетаријански ролни од оризова хартија.

Океанија

Австралија Благодарение на имиграцијата, мултикултурализмот и изобилството на свежи домашни производи, во Австралија може да се најде разновидна и автентична азиска кујна. И дим сум и Чико рол се инспирирани од кинеските пролетни ролни.

Европа

Германија, Франција и Полска Во Австрија, Швајцарија и Германија, пржените пролетни ролни се нарекуваат Frühlingsrolle, додека виетнамските се нарекуваат Sommerrolle („летни ролни“). Французите ги нарекуваат нем за пржените и rouleaux de printemps за другите, додека во Полска се познати како сајгонки, именувани по Сајгон, градот од кој потекнуваат многу виетнамски имигранти во Полска.

Северна Америка

Соединетите Американски Држави Медисон има голема разновидност на пролетни ролни, уникатни за градот. Во Медисон, пролетните ролни често се служат во екстра голем формат со тежина од околу пола кило. Овие пролетни ролни, се создадени од тајландски имигрант во 2006 година и се полнети со зелка, цилинтро, зелена салата, халапенос, авокадо, краставици и тестенини од ориз. Може да се најдат во бројни ресторани и штандови со храна во градот.

Латинска Америка

Бразил Во Бразил, пролетните ролни се нарекуваат или ролинхос-примавера ( ), што е приближен превод од англиски. Може да се најдат претежно во кинески ресторани и обично се служат со molho agridoce (слатко-кисел сос) светло-црвен, топол сос направен со кечап, оцет, шеќер, а понекогаш и зачини како што е ѕвездест анасон. Некои јапонски ресторани служат пролетни ролни во Бразил, но генерално тоа се обични и сервирани со соин сос (во некои е достапен и molho agridoce). Ги има и во рестораните за брза храна сервирани како шведска маса.

Чиле Во Чиле, пролетните ролати се нарекуваат arrollado primavera, а се продаваат во супермаркети, улични продавачи и кинески ресторани.

Костарика Во Костарика, пролетните ролни се нарекуваат на шпански rollito de primavera („мала пролетна ролна“), но популарно се познати како „Taco Chino“ и се нудат во речиси сите кинески ресторани како предјадење или апетизер.

Мексико Во Мексико, пролетните ролати се нарекуваат rollos primavera (што во превод значи „пролетни ролни“) и се продаваат во многу кинески ресторани, во ресторани за брза храна,и се служат со слатко-кисели или сосови од соја. На северозападната граница со САД, особено во Мексикали, Долна Калифорнија, пролетните ролни се познати како чункун; ова име може да биде поврзано со корејскиот чунгвон (춘권). Тие се длабоко пржени и обично се служат со кечап прелиен со малку лут сенф како сос.

Аргентина и Уругвај Во Аргентина и Уругвај, пролетните ролни се познати како empanaditas chinas, или како arrolladitos primavera („пролетни ролни“), а се продаваат во супермаркетите и кинеските ресторани. Се служат со мала чинија слатко-кисел сос.

Наводи

Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Кинеска кујна