М-р Маја Митровска - музичар, оперска певица, музичар, писател педагог од Битола, родена 1982 година. М-р Маја Митровска- Наставник по соло пеење Животопис М-р Маја Митровска заврши Државно музичко училиште – Битола, во класата на проф.Пеце Митревски. Дипломира и магистрира во класата на д-р Иванка Нинова - (бугарска мецосопранистка,солист во Софиската национална опера) на НМА ” Панчо Владигеров” во Софија, Р. Бугарија.

Се усовршува во Виена, Австрија. Работела со реномираната Оливера Милјакович (Оливера Миљаковић- член на Виенската опера, од 1987 до 1991 година работела како професорка во Оперското студио на Државната опера во Виена), како и мастер клас на Мирела Паруто и Антонио Боаје од школата “Санта Чечилија” Рим , Италија. Од 2009 година со своето семејство живее во Битола, каде што од 2010 година работи како професор по соло пеење во Државното музичко училиште.Работи и на промоција на училиштето преку социјални медиуми, планирање, организација како и координатор за реализација на јубилеен концерт на ДМУ – Битола 2022 год. Член е на жири комисија за дисциплината – соло пеење, на државни и меѓународни натпревари. М-р Маја Митровска Музичка дејност Од сценско искуство како професионални компетенции се вбројуваат оперските улоги: Папагена од операта "Волшебната флејта" - Волфганг Амадеус Моцарт, Р.Бугарија (деби) Адина, операта"Љубовен напиток" - Гаетано Доницети, Р.Бугарија; Адела, оперетата"Лилјакот" - Јохан Штраус (син), Р.Бугарија; Розина, операта"Севилски Берберин" - Џоакино Росини, Р.Бугарија; Грилета,операта "Аптекарот" - Јозеф Хајдн, Р.Македонија; Евита, мјузикл ”Евита Перон” - А.Л.Вебер, Р.Македонија; Надеж, музичко сценска драма “Надеж”, Маја Митровска, Р.Македонија

Настапувала и соработувала со: Национален музички театар “С.Македонски”, Софија, Р.Бугарија; Државна опера - Бургас, Р.Бугарија; Врачанска Филхармонија и Видинска Филхармонија, Р.Бугарија; Камерен оркестар – Битола; Битолска Oпера; Битолска камерна опера, како и концертна дејност во Р.Македонија и Р.Бугарија.

Литературна дејност Автор е на делото „Ден пред Илинден“. Истото дело е инспирација за создавањето на битовата драма „Вера, љубов и надеж“, која прерасна во музичко-сценска драма „Надеж“, премиерно изведена под Камерна опера – Битола во 2019 година, а подоцна е изведена во склоп на Меѓународниот фестивал „Илинденски денови“.Награди за професорките Маргарита Татарчевска и Маја Митровска

Децата ѝ се најголема инспирација во творењето, така што се јавува како текстописец на повеќе композиции за детски музички фестивали, детски химни, како и на две музичко-театарски претстави: „Преспанска новогодишна елка“ и „Дома за Велигден“.

Автор е и на делото „Велинка“ издадено во „Антолог“, Скопје, 2023 година.

„Крилестата дружина во музеј", инкузивната-едукативна алатка/сликовница, музеј Битола, 2024 година.

Дел е од уредничкиот тим на книгата „За музиката“ на академик Георги Здравев.Маја Митровска Награди Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди.Покрај за музичките активности носител е и на награди од литературата. Добитник е на наградата „Златно перо 2018“ за збирките поезија за деца „Кажувалки“ и „Крукалезен свет“. Дел е од тимот што ја создаде Детската химна на Битола во 2021 година. Годинешнанаграда за успешна работа во учебната 2020/2021 година Маја Митровска Педагошката дејност Педагошката дејност ја започнува во 2010 год во ДМУ – Битола. Во досегашната работа остварува настава по соло пеење, вокална техника, прима виста, камерна музика и оркестарска литература. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки. Член е на жири комисија на меѓународни и државни музички натпревари. Со своите ученици остварува многубројни концерти и проекти, од кои се издвојува мултимедијалниот проект: ”Средношколски бербер”. Нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди.Награди за професорките Маргарита Татарчевска и Маја Митровска

Наводи

Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски оперски певици Категорија:Македонски педагози Категорија: Македонска музика Категорија: Македонски класични музичари