мини| Башчарски ноќи 2012 година. Башчарски ноќи — летен културен фестивал кој се одржува секоја година од 1 до 31 јули во Сараево. Најголем дел од програмата се одржува во стариот дел на градот, најчесто на централната сцена на платото спроти Градското собрание. Сите програми се многу добро посетени, најмногу благодарение на отворените простори и слободниот влез, со повеќе од 150.000 посетители на приближно 40 различни културни програми.

Програмите вклучуваат опера, балет, театарски претстави, рок концерти, севдалинки, литературни вечери, детски програми, концерти, филмски претстави, фолклор и друго.

На фестивалот се застапени домашни ансамбли и уметници и има гостувања на европски и меѓународни групи и поединци, Сараево, како главен град на Босна и Херцеговина, во тој период станува центар на културата во месец јули, кога целиот град зрачи со посебна фестивалска атмосфера.

Поврзано

Башчаршија

Наводи

Надворешни врски Матична страница

Категорија:Култура на Сараево Категорија:Манифестации во Босна и Херцеговина