мини|396x396пкс|Иља да Кејмада Гранде Иља да Кејмада Гранде (, познат и како Змиски остров или Остров на змиите), е остров кој се наоѓа на брегот на Бразил во Атлантскиот Океан. Административно и припаѓа на општината Перуиби во сојузната држава Сао Паоло. Островот е мал по површина со повеќе различни видови на терени, од голи карпи до дождовни шуми, додека климата е умерена. Тоа е единствениот дом на критично загрозената отровна златна змија, која главно се храни со птици. Змиите биле заробени на островот кога поради подигнувањето на нивото на морето копното што го поврзувал островот било потопено. Еволутивниот притисок им овозможил на змиите да се прилагодат на новата средина, брзо зголемувајќи ја популацијата и на тој начин островот станал опасен за јавни посети. Змискиот остров бил затворен за јавноста за да се заштити популацијата на змии; пристап е доделен само на бразилската морнарица и избраните истражувачи проверени од Институтот за зачувување на биолошката разновидност Чико Мендез, бразилска федерална единица за заштита.
Географија Островот се наоѓа на приближно 33 km од брегот на сојузната држава Сао Паоло и зафаќа површина од 430.000 m². Највисокиот врв на островот е со 206 m надморска височина. Умерената клима на островот е слична на блискиот остров Нимер. Околу 0,25 km² од островот е покриен со дождовна шума; остатокот од островот се состои од голи карпи и отворени тревни пасишта. Просечната температура се движи од 18,38°C во август до 27.28°C во мај, додека просечните врнежи се движат од 0,2 mm во јули до 135,2 mm во декември.
Историја Илја да Кемада Гранде има разновидна вегетација. Островот е делумно покриен со дождовни шуми, а делумно со голи карпи и тревни површини, што е резултат на уништувањето на шумите. Островот го добил името по уништувањето на шумите, па затоа зборот на португалски значи „да се запали“, поради обидите на локалното население да го исчисти просторот за плантажата со банани со палење на прашумата. Светилникот бил изграден во 1909 година со цел да ги насочи бродовите од островот. Последниот човек го напуштил островот кога светилникот бил автоматизиран.
Кејмада Гранде и Кејмада Пеквена (лоцирана на запад) заедно формираат област од еколошки интерес основан во 1985 година и се простира на површина од 33 хектари. Бразилската морнарица го затворила островот за јавноста и единствените луѓе на кои им е дозволен пристап до островот се членови на истражувачки тимови кои собираат научни податоци.
Опасности Поради фактот што на еден остров живеат толку многу змии, според некои проценки една змија на метар квадратен, постои конкуренција за ресурси. И покрај регистрираната популација од 41 вид птици на Кејмада Гранде, златните змии се хранат со само два вида: Troglodytes musculus, која може да ја избегне златната змија; и Elaenia chilensis, која се храни со вегетација во истата област каде што живее змијата. Се смета дека островот некогаш бил дом на околу 430.000 змии, но неодамнешните проценки се многу помали. Првата систематска студија за популацијата на златните змии утврдила популација од 2.000 до 4.000, речиси целосно концентрирана во дождовните шуми. се смета дека причината е ограничен износ на ресурси поради што се намалила популацијата, но во 2015 година, според проценката на херпетолозите на документарецот на каналот Дискавери, популацијата била меѓу 2.000 и 4.000 златни змии. Златните змии може да бидат изложени на ризик поради инбридирање, чиј ефект е видлив кај популацијата. Поради малата популација на златни змии, видот е означен како критично загрозен и е на црвената листа на IUCN . Змијата е ставена и на листата на загрозени видови во Бразил. Островот е исто така дом на помала популација на Dipsas albifrons, неотровен вид змии.
Наводи
Литература
Категорија:Острови во Бразил Категорија:Змии во Јужна Америка