Од збор до збор: толковен речник — илустриран толковник на македонскиот јазик за млади. Автор на речникот е Ташко Ширилов, а го издала издавачката куќа Детска радост во 1991 година како дел од Библиотеката „Видра“ издание „Македонски илустрирани речници“ .

Содржина Толковникот содржи 850 заглавни зборови и за 270 од нив има илустрации. Заглавните зборови се дадени по азбучен редослед и за именките кои во множина имаат фонетска или правописна промена со курзив, дадена е нивната множина.

Изборот на зборовите е направен од две гледишта. Прво во речникот да се најдат исклучиво зборови што му припаѓаат на книжевниот јазик, а што не им се познати, или им се малку познати, не само на најмладите, туку и пошироко, а кои со својата милозвучност, смисла, сугестивност и сликовитост, а и со своето траење низ вековите, заслужуваат да се користат во секојдневниот говор. Второ, во речникот да се најдат зборови кои секојдневно се употребуваат и погрешно се пишуваат под влијание на наречјата или на некои соседни јазици.

Речничката граѓа во однос на заглавните зборови е земена од повеќе извори: од тритомниот Речник на македонскиот јазик, од хрестоматии, од збирки на македонската народна поезија, од македонските народни приказни, од дела на македонските писатели, како и од македонски книжевни преводи.

Поврзано Како да кажам: речник на македонски изрази и фрази Да зборуваме: македонско-англиско-француски речник

Наводи

Категорија:Македонски јазик Категорија:Речници на македонскиот јазик Категорија:Изданија на Детска радост