Светска акција „Исчисти го светот“ — една од најголемите еколошки кампањи во светот, која се одржува секоја година на третиот викенд во месец септември.
Историја Првата кампања „Исчисти го светот“ била покрената во 1993 година и тој ден се одбележува и одржува секоја година на третиот викенд во септември. Како меѓународен проект за заштита на животната средина, тој има за цел да ги поттикне и поддржи групите и поединците да покажат грижа за животната средина преку заедничка акција.
Филозофијата на Светската акција „Исчисти го светот“ се заснова на фактот дека секој може да направи нешто за подобар свет. Главната идеја е дека секој во својата околина може да направи мал чекор, чија големина е што ќе инспирира некој друг во нивната околина да го стори истото. Постојат бројни еколошки активности кои можат да се реализираат при организацијата на оваа акција, а заедничко на сите им е тоа што ја истакнуваат важноста од зачувување на животната средина, работат на подигање на еколошката свест кај сите нас и потенцираат дека доколку сите вложиме малку труд, можеме многу да придонесеме.
Кампањата ги обединува групите во заедницата, училиштата, бизнисите и локалните самоуправи за заеднички да спроведуваат активности кои се занимаваат со локални еколошки прашања, а целта е да покаже дека заедничкото дејствување може многу да придонесе за почиста и поздрава животна средина.
Глобалната кампања „Исчисти го светот“ ангажирала околу 35 милиони волонтери во 133 земји, што ја прави една од најголемите кампањи на заедницата на животната средина во светот. Во 2020 година, 11 милиони луѓе ширум светот се обединиле за да ја исчистат планетата во еден ден.
Поврзано
Еколошко движење Меѓународни празници
Наводи
Надворешни врски
15. Септември - Глобална акција „Исчисти го светот“ Ајде да го исчистиме светот ОфицијалеЕкон сајт Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации Категорија:Екологија