Новоселански манастир — нов манастир во кочанското село Ново Селани.

Местоположба

Манастирот се наоѓа во источниот дел на селото Ново Селани, пред самиот влез во селото.

Историја

Сите градби во и околу манастирот биле подигнати по откривањето на еден црковен објект во 1981 година, кој претставувал еднокорабна базилика со нартекс. Должината на црквата била 16,70 метри, а ширината 10,60 метри. Sидовите биле градени од кршен камен и малтер со ширина од 0,65 метри. Покрај црквата се наоѓа природен извор со култно место посветено на Света Петка.

Покрај главната црква „Св. Петка“, биле обновени или изградени уште објекти врз стари ранохристијански темели во времето на покрстувањето на Словените на Брегалница.

Градби во манастирот

Манастирот е составен од црквите „Св. Петка“ и „Св. Марина“, два параклиса, трпезарија и помошни објекти.

Црква „Св. Петка“

Црквата е подигната во 1981 година на стари темели.

Црква „Св. Марина“

Црквата е нова градба за која нема податоци за изградбата.

Параклиси

Во дворот на манастирот се наоѓаат и параклисите „Св. Јаким“ и „Св. Недела“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ново Селани Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири во Брегалничката епархија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Кочанското архијерејско намесништво