Муфаса: Кралот лав () — американски сметачко-анимиран музички драмски филм во режија на Бари Џенкинс и сценарио на Џеф Нејтансон, произведен од Walt Disney Pictures. Ова е предисторија и продолжение на преработката на цртаниот филм „Кралот лав“. Доналд Гловер, Сет Роген, Били Ајхнер, Џон Кани и Бијонсе Ноулс-Картер ги повториле своите улоги од преработката, на кои им се придружиле Арон Пјер, Келвин Харисон Помладиот, Тифани Бун, Мадс Микелсен, Тендиве Њутн, Лени Џејмс и Блу Ајви Картер во нејзиното филмско деби.

Филмот е посветен на споменот на Џејмс Ерл Џонс, оригиналниот глас на Муфаса од изворниот филм од 1994 г. и преработката од 2019 г., кој починал на 9 септември 2024 г.

Филмот бил објавен на 20 декември 2024 г. од Walt Disney Studios Motion Pictures, одбележувајќи ја 30-годишнината од изворниот филм. Филмот добил мешани одзиви од критичарите. Во Македонија, премиерата била на 19 декември истата година.

Содржина Рафики има задача да ја пренесе легендата за Муфаса на ќерката на Симба и Нала, Кијара. Раскажана во спомени, анимацијата го претставува Муфаса како сираче младенче, изгубено и осамено додека не запознае симпатичен лав по име Така, наследник на кралската лоза, принц со световна иднина што му посакува добредојде на Муфаса во неговото семејство. Случајна средба ја поставува групата на неверојатно патешествие во потрага по нивната судбина, испитувајќи го нивното пријателство додека работат заедно за да победат заканувачки и смртоносен враг.

Озвучување ГлумецУлогаАрон ПјерМуфасаКелвин Харисон ПомладиотТакаЏон КаниРафикиСет РогенПумбаБили АјхнерТимонДоналд ГловерСимбаМадс МикелсенКиросТендиве ЊутнЕшеТифани БунСарабиЛени ЏејмсОбасиБијонсеНалаБлу Ајви КартерКијараПрестон НајманЗазу

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски музички филмови Категорија:Филмови на Walt Disney Pictures