Снежното Кралство (англиски: Frozen) — американски компјутерски-анимиран музички фантастичен филм од 2013 г., педесет и трет долгометражен анимиран филм создаден од студиото Walt Disney Animation Studios и издаден од компанијата Walt Disney Pictures. Анимираниот филм е вдахнат од бајката „Снежната кралица“ на Ханс Кристијан Андерсен. Режисери биле Крис Бак и Џенифер Ли, продуцент Питер дел Вечо, според сценариото на Ли и приказната на Ли, Крис Бак и Шејн Морис. Главните улоги ги позајмиле Кристен Бел, Идина Мензел, Џонатан Гроф, Џош Гад и Сантино Фонтана.

Според приказната, храбрата принцеза Ана и обичниот дечко Кристоф, заедно со еленот Свен и снешкото Олаф, се упатуваат на опасно патешествие низ снежните планински врвови за да се обидат да ја пронајдат постарата сестра на Ана, Елса, која ненамерно наложила клетва на нивното кралство и со тоа го осудила на вечна зима.

Премиерата на анимираниот филм се одржала на 19 ноември 2013 г. во театарот „Ел капитан“ во Холивуд. Во широка распределба во САД, филмот излегол на 27 ноември. Анимираниот филм бил пречекан со претежно потврдни одзиви од критичарите и публиката. Во исто време, некои кинокритичари го признале за најдобар долгометражен анимиран филм на Walt Disney од времето на процутот на студиото во 1980-тите и 1990-тите години.

Снежното Кралство станал и голем трговски успех: со буџет од 150 милиони долари, заработката на филмот изнесувала речиси 1,4 милијарди долари ширум светот, од кои 400 милиони припаднале на САД и Канада, а 249 милиони на Јапонија. Анимираниот филм поставил неколку рекорди на киноблагајните: станал најдоходно издание во 2013 г., трет најдоходен анимиран филм и досега шеснаесетти најдоходен филм во историјата на кинематографијата. Исто така, Снежното Кралство станал најпродаван филм на носач Blu-ray во САД. Анимираниот филм освоил две награди „Оскар“ во категориите „Најдобар анимиран филм“ и „Најдобра песна“ („Let It Go“), како и голем број други награди.

Во Македонија премиерата била на 26 ноември 2013 г.

Содржина Принцезата Елса од Арендел има природна волшебна моќ да создава мраз и снег. Откако ненамерно ќе ја повреди нејзината помала сестра Ана со волшепството, нивните родители ги носат кај колонија тролови предводена од Големиот Паби. Тој ја лечи Ана и ѝ ги брише сеќавањата на волшепството на Елса. Кралот и кралицата решаваат дека додека Елса не научи да ги управува своите моќи, ќе ги затворат портите на замокот и ќе ја изолираат. Години поминати во изолација создаваат јаз меѓу сестрите, а кога се веќе младенци, нивните родители загинуваат во морска несреќа.

На денот на крунисувањето на Елса, портите на замокот за првпат се отвораат за јавноста. Меѓу присутните гости е и згодниот принц Ханс од Јужните Острови. Тој ѝ предлага брак на Ана, но Елса се спротивставува на нивната врска и во паника ги открива своите моќи пред згрозениот двор. Обвинета за вештерство од измамничкиот војвода од Везелтон, Елса бега кон Северната Планина и за првпат се чувствува слободна. Таму гради снежна палата и одлучува да живее сама, не знаејќи дека волшепството ѝ го завила Арендел во вечна зима.

Ана тргнува да ја пронајде Елса, оставајќи го Ханс на чело на кралството. Таа се сретнува со доставувач на мраз по име Кристоф и неговиот ирвас Свен, и ги убедува да ја однесат на Северната Планина. По патот го среќаваат Олаф — жив снешко создаден од вошепството на Елса. Во снежната палата, Ана ѝ раскажува на Елса што се случува во Арендел. Од страв, Елса ненамерно ја погодува Ана во срцето со мраз. Во очај, Елса создава џиновско снежно чудовиште и ја истерува Ана од палатата за да ја заштити.

Додека Ана полека замрзнува, Кристоф ја носи кај троловите да ѝ помогнат. Големиот Паби вели дека само „чин на вистинска љубов“ може да ѝ го одмрзне срцето. Кристоф трча назад кон замокот за Ханс да ѝ даде вистински љубовен бакнеж, но Ханс ја заробува Елса. Наместо да ја бакне Ана, тој открива дека цело време ковал план — да се ожени за Ана, а потоа да ги убие двете сестри и да стане владетел на Арендел. Сестрите успеваат да побегнат, а Олаф ѝ помага на Ана да се сретне со Кристоф, кој, како што тој сфатил, е вљубен во неа.

Ханс се соочува со Елса и ѝ вели дека Ана е мртва. Елса паѓа во очај, и тоа го прекинува снежниот виор. Кога Ана гледа дека Ханс сака да ја убие Елса, се фрла меѓу нив и се жртвува, наместо да се спаси. Таа замрзнува во мраз, што ја скршува Елса. Но кога ја гушка сестра ѝ, Ана полека се одмрзнува — нејзиниот чин бил вистинска љубов.

Сфаќајќи дека љубовта е клучот за управување на нејзините моќи, Елса ја завршува зимата. Откако вистината е откриена и Елса конечно ги совладува своите способности, народот на Арендел ѝ простува. Ханс е уапсен и прогонет поради предавство и обид за убиство. Елса го назначува Кристоф за кралски доставувач на мраз, а тој и Ана се бакнуваат. Сестрите повторно ја обновуваат својата врска, и Елса ветува дека никогаш повеќе нема да ги затвори портите на замокот.

Озвучување ГлумецУлогаКристен БелАнаИдина МензелЕлсаЏонатан ГрофКристофЏош ГадОлафСантино ФонтанаХансКиран ХајндсПабиКрис ВилијамсОкенМаја ВилсонБулдаМорис ЛамаршкралотЏенифер Ликралицата

Поврзано Треска во Снежното Кралство Снежното Кралство 2

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Американски филмови Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Филмови на Walt Disney Pictures