Сиото џез — македонска рок група од Битола, формирана во 2022 година и активна до август 2026 година. Името на бендот е игра на зборови од македонската фраза „Сиот тој џез“.

Групата издала два студиски албума: The True State of All Things (2023) и In a Race Against Time (македонски: Во трка со времето, 2026), како и албум во живо The True State of All Things (Live Session) (2025). Бендот се распаднал во август 2026 година, набргу по објавувањето на вториот студиски албум.

Сиото Џез во својот стил комбинираше елементи од поп, алтернативен рок, панк рок, инди рок и џез. Како влијанија ги спомнуваа Херби Хенкок, Ник Кејв, The Smashing Pumpkins, The National, Men I Trust, Grimes и Спасен Силјаноски. Бендот користеле комбинација од фаз-ефекти и џез ритми, при што се комбинирале длабок машки вокал со нежни женски вокали.

Историја Формирање Бендот е основан кон крајот на ноември 2022 година од Мартин Петковски и Виктор Стојчески. Почнале со изведба на песни од стариот бенд на Мартин, Ма3Ho, аМа He e, што прераснало во Сиото Џез. Анастасија Трајковска и Ева Тодоровска се приклучиле кон почетокот на декември 2022 година. Тие заедно имале неколку заеднички настапи во тој состав во Битола.

The True State of All Things Првиот албум на Sioto Jazz бил објавен на 29 септември 2023 година. Се снимал во периодот од март до август 2023 година и бил објавен на интернет од Kamai Audio. Албумот главно бил снимен од страна на Мартин Петковски во неговото домашно студио во Битола, наречено „Caymene Studios“ (игра на зборови од македонскиот израз „Кај мене“). Анастасија Трајковска и Ева Тодоровска ги испеале вокалните делови. Илија Волчески го свирел саксофонот, кој бил снимен во Melivora Studio во Нижеполе, Битола. Некои од гитарските делови беа снимени во нивната соба за проби, наречена Kamai Sobata Dolu. Дополнителни инструменти биле снимени од различни уметници ширум светот, меѓу кои Сантиаго Васкез (класична гитара) од Колумбија и Молфрид Вигдал (контрабас) од Норвешка.

Мартин Петковски користел модифициран Squier Affinity Страт и Epiphone Дот Студио гитара со различни Fender засилувачи за снимање на гитарските делови. Тој користел Big Muff педала за дисторзија, DigiTech Digidelay педала за дилеј, DOD Gunslinger педала за дисторзија и Digitech Whammy 5 DT педала за промена на тоналитет. Бас деловите биле снимени од Мартин Петковски и Армин Амедовски на Squier Jazz Bass бас гитара. Сантиаго Васкез и Молфрид Вигдал ги користеле своите инструменти во своите студија за снимање на нивните делови. Сите други инструменти биле снимени со MIDI влез од Мартин Петковски.

Низ дванаесетте песни, „The True State of All Things“ е концептуален албум кој истражува теми како што се исчезнувањето на малите градови и места, личниот идентитет, изолацијата, тагата и љубовта на далечина. Насловот на албумот е референца на албумот Microphones in 2020 од The Microphones, кој започнува со истиот стих. Албумот е инспириран од личните искуства на Мартин Петковски додека живеел во град кој се намалува секоја година, постојано губејќи пријатели и сакани поради физичката оддалеченост, што е рефлектирано во текстовите на песните.

Настапи во живо

Sioto Jazz настапиле на повеќе концерти и фестивали во периодот 2023–2025, меѓу другото на Xotel во живо, заедно со Фолтин, Pumpers, на Beach Film Festival во Охрид, на фестивали во Скопје и на Pin Music Conference. Во април 2025 година го објавиле албумот во живо The True State of All Things (Live Session).

In a Race Against Time и распаѓање Вториот студиски албум, In a Race Against Time (Во трка со времето), бил објавен на 24 јули 2026 година преку Kamai Music. Албумот содржи десет песни со вкупно траење од околу 39 минути. Автори на песните се Мартин Петковски, Анастасија Трајковска, Илија Волчески и Ева Тодоровска.

Бендот се распаднал во август 2026 година.

Членови Последни членови Анастасија Трајковска – главен вокал (декември 2022 – јули 2026) Ева Тодоровска – гитара, вокал, пратечки вокал (декември 2022 – јули 2026) Мартин Петковски – гитара, пијано, вокал (ноември 2022 – јули 2026) Илија Волчески – саксофон (јули 2023 – јули 2026)

Музичари кои порано настапувале во живо Благојче Ацески – тапани (септември 2023 – август 2025) Горазд Христовски – бас гитара (септември 2023 – јули 2025) Мартина Стеваноска – пратечки вокал (јуни 2024 – мај 2025) Армин Амедовски – бас гитара (август 2023 – февруари 2024) Дамјан Грујо – тапани (август 2023) Виктор Стојчески – тапани / перкусии (ноември 2022 – февруари 2023; септември 2024)

Вертикалните линии на временската лента ги означуваат изданијата: The True State of All Things (29 септември 2023), The True State of All Things (Live Session) (25 април 2025) и In a Race Against Time (24 јули 2026). Групата се распаднала во август 2026.

Дискографија The True State of All Things (2023) The True State of All Things (Live Session) (2025) In a Race Against Time (Во трка со времето) (2026)

Наводи

Категорија:Појавено во 2022 година во Македонија Категорија:Македонска музика Категорија:Македонски рок-групи Категорија:Престаноци во 2026 година во Македонија