„Иван“ — српски филм од 1997 година, во режија на Ратиборка Ќерамилац. Сценариото е дело на Мирјана Лазиќ, а главните улоги ги играат: Данило Лазовиќ, Владица Милосављевиќ, Соња Савиќ, Миодраг Кривокапиќ, Драган Максимовиќ и Бора Ѓорѓевиќ. Веселко Крчмар е директор на фотографијата, а Бора Ѓорѓевиќ е автор на музиката. Во 1997 година, филмот влегол во најтесниот избор на фестивалот „При Европа“ во Берлин.РТС, Иван (пристапено на 30.11.2024)

Синопсис Откако се повредува во училиштето, седумгодишното дете Иван е примен на лекување во болницата. Додека закрепнува, неговиот грижлив татко Павле (го игра Лазовиќ), поради некои медицински несовпаѓања, почнува да се сомнева дека е биолошки татко на детето. Така, неговиот среќен брак се претвора во драма која нема решение. Сепак, љубовта кон детето му дава сила да ги совлада сите искушенија...

Наводи

Категорија:Српски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 1997 година Категорија:Филмови на ТВ Београд Категорија:Филмови на Ратиборка Ќерамилац Категорија:Филмови со Соња Савиќ Категорија:Филмови со Данило Лазовиќ Категорија:Филмови со Миодраг Кривокапиќ Категорија:Филмови со Петар Божовиќ Категорија:Филмови со Мира Бањац Категорија:Филмови со Бора Ѓорѓевиќ Категорија:Филмови со Драган Максимовиќ Категорија:Филмови за семејства