„Одбрани песни“ — стихозбирка на американскиот поет Едгар Алан По, објавена во 1986 година како заедничко издание на Култура, Мисла, Македонска книга и Наша книга. Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Македонски и странски автори“, а изборот и преводот го направил Гане Тодоровски, кој е автор и на поговорот. Ликовното уредување е дело на Ордан Манески, а технички уредник е Христо Христовски. Книгата, со обем од 75 страници и со димензии од 20 сантиметри, е испечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје.Едгар Алан По, Одбрани песни. Скопје: Култура, Мисла, Македонска книга, Наша книга, 1986.

Содржина Збирката содржи 24 песни: Песна Во сонот сон Сон Најсреќниот ден — најсреќниот час Езеро: на... На... На реката На... Кон Елена Израфел Градот во морето Ленора Колосеум На онаа во рајот Химна Палата на сеништата Земја на соништата Гарванот Јулејли Јулалум Елдорадо На мајка ми Анабел Ли Ѕвона

Наводи

Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Американска поезија Категорија:Дела на Едгар Алан По Категорија:Појавено во 1986 година во Македонија Категорија:Книги од 1986 година