Битка кај Гнилане, се среќава како Гњилане или Гнилање — воен судир меѓу Народноослободителната војска на Македонија и Балистите во текот на Втора светска војна. Борбата се одвивала во градот Гнилане, тогаш дел од Косово и Метохија, СР Србија, меѓу 23 и 24 декември 1944 година. Кумановската дивизија на НОВЈ примила предвремено известување за нападот, поради тоа имале можност соодветно да ги распроделат нивните бригади. Шеснаесетта, седумнаесетта, заедно со осмата и осумнаесетта македонска ударна бригада учествувале.

Борбата се одвивала во близина на градскиот затвор и периферијата на градот. Додека пак, поради внатрешни предавници, дел од Балистите се бореле во самите улици на градот. Битката била значителен бораз за албанските фашисти и Балистите. Поради големите загуби Фрашери, тогашниот командир на албанските фашисти, се повлекол со остатокот на неговата војска во северниот дел на Косово.

Повоено, споменик за жртвите во Втората светска војна било изградено во градот. После косовското прогласувањето на независност споменикот бил урнат и преместен со споменик посветен на Идриз Сефари, албанска војвода и член на Призренската лига.

Вовед Во текот на октомври и ноември 1944 година Вардарска Македонија доживеала значајни територијални промени. Со развитокот на народноослободителната борба, бугарските фашисти и германските нацисти се повлекле од државата. Во септември 1944 година, после државен удар, Татковинскиот фронт на БКП била на власт во Бугарија. Во првата половина на ноември, Гевгелија, Градско, Охрид и Велес биле ослободени. Меѓу 10 и 14 ноември се одвивала крвата битка за конечното ослободување на Скопје — срцето на новата социјалистичка држава, претходно прогласена од АСНОМ. Неколку дена подоцна, на 19 ноември, битката за Тетово се одвивала против Балистите. Со тоа Македонија била целосно ослободена.

Меѓу партизаните во Народноослободителната војска на Македонија имало желба после ослободувањето на Македонија да се насочат кон Егејска Македонија и подоцна Пиринска Македонија. Но поради внатрешен и надворешен притисок тоа никогаш не се остварило. Под наредба од Комунистичката партија на Југославија, НОВМ учествувала во ослободувањето на Косово и Метохија, тогаш во рамките на СР Србија. Подоцна тие биле дел од Сремскиот фронт. Во првата половина на декември 1944 година, едиствена единица од македонската војска во Косово била Кумановската дивизија на НОВЈ.

Во првите дена на декември, селата Стража, Иваја, Генерал Јанковиќ, Качаник и Урошевац биле ослободени. Во меѓувреме, дел од Југословенската народна армија била во Гнилане. Дел од единицата била нападната од Балистите, под водство на Мидхат Фрашери, меѓу 14-15 декември. Поради тоа југословенската војска побарала помош од Народноослободителната војска на Македонија. Околу 16 и 17 декември Осмата и Седумнаесетта македонска ударна бригада се поврзале со месниот комитет на градот. Во 18 декември Кумановската дивизија пристингала во Гнилане со наредби да се распродели во близина на градскиот затвор. Осмата македонска бригада марширала од Карадак до градот.

При маршот до Гнилане, Седумнаесетта македонска ударна бригада била нападната од Балистите. Добиле известување од Комунистичката партија на Југославија дека имало внатрешни предавници меѓу Косовското Албанско население во градот. Во 20 декември добиле известување дека Балистите планирале да ги нападнат. Неколку дена подоцна, на 23 декември, почнала борбата.

Борба Македонските партизани биле предвремено известени за нападот од внатрешни предавници на Балистите. Поради тоа имале соодветно време да постават фортификација за градот. Главна цел на Балистите била да ги прогонат социјалистите од Гнилане. Во утрото градската џамија била минирана и Балистите влегле од северниот дел на градот со цел да го окупираат градскиот затвор. Поради тогашната студина и зимско време, оружјата не функционирале. Според еден учесник од бортата: „баш тој ден, времето беше толку студено што митролезите замрзнуеја и неможеја да дејствуаат.“ Во текот на борбата, околу 150 Косовски Албанци, жители но соработници со Балистите, излегле на градската улица и го напаѓале српското населние на градот. Поради тоа, поранешни борци од Татковинската војска на Дража Михајловиќ ги нападнале куќите на албанското населние.

Борбата главно се водела покрај затворот, напред биле борци од Осмата македонска ударна бригада. Поради големата сила на непријателите, Осмата бригада се повлекла кон српско маало каде извршиле преустројство. После неколку часа стигнале борци од Седумнаесетта македонска ударна бригада и Осумнаесетта македонска ударна бригада. Тие ги обиколиле Балистите и ги ставиле во незгодна позиција. Осмата бригада, преместена на периферијата на градот, извршила контранапад на четниците и балистите. Поради тоа, Балистите се повлекле од затворот и кон северното градско маало. Таму, неочекувано, биле нападнати од првиот баталјон на Четвртата косовска ударна бригада. По закана на целосна ликвидација, Балистите се повлекле подлабоко кон северниот дел на Косово, заедно со четниците на Михајловиќ.

Наводи

Библиографија

Категорија:Македонија во НОБ Категорија:НОБ Категорија:Воена историја на Македонија Категорија:Воена историја на Србија Категорија:Битки на Србија Категорија:Гнилане