Клауд рапот е поджанр на рапот кој има неколку звучни карактеристики на трап музиката и е познат по својот опуштен стил на продукција. Раперот Лил Б и продуцентот Кламс Казино се идентификувани како раните пионери на стилот. Интернет терминот „клауд рап“ потекнува од етеричниот стил.

Потекло Клауд рапот првично излeгол од Атланта, Хјустон и Мемфис во доцните 2000-ти. Терминот „Клауд рап“ популарно се користи во однос на лоу-фај, хејзи рап.

Елементите на клауд рапот, како лоу-фај и сонливите атмосфери, може да се слушнат уште во 2001 година со истоимениот албум на Клаудед . Подоцна во 2006 година, повеќе градежни блокови, како што се магливите и опуштени звуци, може да се најдат во вториот албум на Вајпер, Ready и ... (мак: Волни). Некои го припишуваат терминот на раперот Лил Б. Во една статија од 2009 година, музичкиот писател Ноз напишал дека раперот Лил Б му покажал CGI слика на замок во облаците и рекол „таков вид на музика сакам да правам“, припишувајќи му на Лил Б за измислувањето на терминот. Продуцентот Кламс Казино, исто така, е заслужен за пионерството на клауд-рап звукот уште во 2010 година преку соработката со Лил Б.

Терминот се користел и во компилацијата на песни на блогот Спејс Ејџ Хасл, 3 години напред: Клауд Рап Тејп (анг: The Cloud Rap Tape). Компилацијата се состои од песни кои спаѓаат во жанрот на клауд рап. Жанрот привлекол мејнстрим внимание во 2011 година со деби микстејпот на раперот ASAP Rocky, Лив, Лав, ЕјСЕП (анг: Live. Love. ASAP).

Наводи

Категорија:Жанрови на хип-хоп Категорија:Американски стилови на музика Категорија:Музиката во 2010-тите