Славица Ставрева (родена на 5 јануари 1971, Титов Велес) — македонски музичар и диригент на хорот „Свети Пантелејмон“ во Велес. Таа е вработена како професор во ООМУ „Стефан Гајдов“ во Велес.

Кариера

Славица Ставрева дипломирала во 1993 година, на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј во Скопје, насока Музичка теорија и педагогија, и хорско диригирање, во класата на професорот Драган  Шуплевски. Ставрева, почнувајќи од 1994 година, е вработена како професор во Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ во Велес. Како вработена во основното музичко училиште таа учествува со свои ученици на регионални и државни натпревари по предметот Солфеж со елементарна теорија на музиката, при што учениците освојувале први, втори и трети места, како и специјална награда.

Во 2004 година, започнал со работа камерниот црковен хор „Свети великомаченик Пантелејмон“, во склоп на Повардарската епархија, со кој раководи и диригира Славица Ставрева. Хорот зел учество на богослужби низ храмовите ширум Македонија и надвор од неа, како и на еминентни фестивали од меѓународен карактер на кои се здобиле со награди, меѓу кои: Балканскиот хорски фестивал, „Јанко Мустаков - Микис Теодоракис“ во Свиштов, Бугарија, во 2006 година, гостување и концерт на духовна и световна музика во Виена, Австрија во 2011 година, учество на XIV Интернационален хорски натпревар „Антонио Вивалди“ во Крпеница, Грција, во 2016 година,; потоа настапи во Романија, Бугарија, Црна Гора и други.

Камерниот црковен хор зел учество и на многубројни манифестации, настани од значење за градот Велес, како „Рацинови средби“, Денот на ослободувањето на Велес, чествувањето на Св. Кирил и Методиј, разни настапи од хуманитарен карактер, и др.

Галерија

Наводи

Надворешни врски На youtube.com Текс на povardarska-eparhija.org.mk

Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски диригенти Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за музичка уметност - Скопје