Ким Џонг-дае (корејски: 김종대; роден на 21 септември 1992 година), попознат по неговото уметничко име, Чен (корејски: 첸), е јужнокорејски пејач и текстописец. Тој е член на јужнокорејскиот машки бенд Ексо, неговата подгрупа Ексо-Ем и нејзината подединица Ексо-Си-Би-Екс, и учествувал во проектите на Ем-Ем Ес-Ем балад. Тој е најпознат по неговата улога како вокал на Ексо. Освен активностите во неговата група, Чен има снимено и песни за различни телевизиски драми, особено „Бест лак“ (Best Luck) за Во ред е, љубов е (2014) и „Евритајм“ (Everytime) за <i id="mwGQ">Потомци на сонцето (2016).
Во 2019 година, Чен дебитирал како соло пејач со продолжената драма (ЕП) Ејприл, енд а флаур (April, and a Flower), која се искачила на второто место на топ-листата за албуми Гаон во Јужна Кореја и го создал хит-синглот „Бјутифул гудбај“ (Убаво збогум). Продолжувајќи го успехот, неговата втора EП, Дир мај дир (Dear My Dear), придружена со синглот "Шел ви?“ (Shall We?) била објавена подоцна истата година.
Животот и кариерата
1992–2014: Ран живот и почетоци во кариерата Чен бил роден на 21 септември 1992 година, во Деџун и израснал во населбата Џонгуанг-донг во Сихунг. Тој почнал да вежба за Ес-Ем ентертејнмент преку кастинг систем на компанијата во 2011 година на 19-годишна возраст. На 29 декември 2011 година, тој бил официјално претставен како четврти член на Ексо. Го направил своето прво јавно појавување како член на Eксо заедно со Лухан, Тао и Каи на Ес-Би-Ес Гајо Деџон во 2011 година.
Во 2014 година, Чен се приклучил на баладската група Ес-Ем д балад (SM the Ballad), првично формирана од Ес-Ем ентертејнмент во 2010 година. На вториот албум на групата Брет (Breath), тој ја отпеал кинеската верзија на водечкиот сингл „Брет“ (Breath) со Жанг Лијин. Исто така, има отпеано дует со Кристал од еф-екс) со наслов „When I Was... When U Were...“ и „А деј витаут ју“ (A Day Without You) со Џонгхјон од групата Шајни. Чен ги извел своите дуети со Кристал и Џонгхјон во живо на заедничкиот рецитал на Ес-Ем балад на 12 февруари.
Во јули 2014 година, Чен ја издал својата прва соло песна, насловена како „Д бест лак“ (The Best Luck) како оригинален саундтрак за драмата на Ес-Би-Ес „Во ред е, љубов е“, во која глумел неговиот колега, член на Ексо, Ди-Оу. „Д бест лак“ (The Best Luck) била награден со „Најдобра песна за серија од машки уметник“ и „Најдобра песна за серија“ на 5-тите Со-Лавд награди и на 16-тиот меѓународен младински филмски фестивал во Сеул, соодветно. Чен исто така бил поканет како специјален изведувач на 3-тите АПАН стар награди на 11 ноември 2014 година, каде што ја извел песната во живо.
2015–2018: Соло активности и Ексо-Си-Би-Екс Во јуни 2015 година, Чен го напишал текстот за „Промис“ (Promise), песна од реиздаденото издание на вториот студиски албум на Ексо „Ексодус“, заедно со колегите Чанјол и Леј. Во август 2015 година, тој го направил своето музичко театарско деби играјќи ја улогата на Бени во продукцијата Ес-Ем Ц&Ц Во височините. Тој, исто така, учествувал и се второпласирал во единаесеттиот круг на музичкото телевизиско шоу Кинг оф меск сингр (King of Mask Singer) под алијасот „Легендарниот човек гитара“. лево|мини| Чен на 8-мите Мелон музички награди во ноември 2016 година Во јануари 2016 година, Чен ја извел песната на Џон Ленон „Имеџин“ (Imagine) со пијанистот Стив Баракат во Центарот за изведувачки уметности Сеџонг, како дел од проектот „Имеџин“ на УНИЦЕФ. Во февруари, Чен и јужнокорејскиот пејач Панч објавиле дует насловен „Евритајм“ како саундтрак за драмата на Кеј-Би-Ес „Потомци на сонцето“. Песната дебитирала на првото место на неделната дигитална табела Гаон. Во април, Чен и јужнокорејскиот рапер Хајзе ја објавиле „Лил‘ самтинг“ (Lil' Something), песна продуцирана од членот на Вајб, Рју Џе-Хјун, како деветти неделен сингл на музичкиот проект Стејшн на Ес-Ем ентертејнмент.
Во август 2016 година, Чен соработувал со другите членови на Ексо, Шиумин и Бекхјон на оригиналниот саундтрак насловен „Фор ју“ за драмата на Ес-Би-Ес, Љубовниците на месечината: Скарлетното срце Риео. Во октомври соработувал со диџеј Алесо на уште една песна за проектот „Стајшн“ насловен „Јирс“ (Years). Подоцна во октомври, заедно со Бекхјон и Шиумин, Чен станал член на првата подединица на Ексо, Ексо-Си-Би-Екс. Групата дебитирала со продолжената драма Хеј мама!.
Во јануари 2017 година, Чен соработувал со Дајнемик дуо во песната насловена „Ноусдајв“ (Nosedive), со што станал првиот изведувач кој бил вклучен во проектот за соработка на групата „Миксссчр“ (Mixxxture). Песната го достигнала второто место на дигиталната табела Гаон. Во февруари, тој објавил оригинален саундтрак со наслов "Ајм нот океј“ (I'm Not Okay) за драмата на Ем-Би-Си Исчезнати 9 во која неговиот колега, член, на Ексо, Чанјол одиграл споредна улога.
Во март, Чен бил примен во Ем-Би-Еј програмата за рекламирање медиуми на сајбер универзитетот Ханјанг. Во јули, било откриено дека тој ги напишал текстовите за нумерите „Тач ит“ (Touch It) и „Ко Ко Боп“ од четвртиот студиски албум на Ексо, Д вор (The War). Во ноември, Чен соработувал со јужнокорејската пејачка 10см на песната насловена „Бај бејб“ за втората сезона на стејшн проектот на Ес-Ем ентертејнмент. Во декември, Чен ги напишал стиховите за „Лајтс аут“ (Lights Out) од ЕП Јуниврз (Universe) на Ексо, кој го извел заедно со колегите Сухо, Бекхјон и Ди.Оу.
На 16 октомври 2018 година, Чен објавил оригинален саундтрак со наслов „Чери блосом лав сонг“ (Cherry Blossom Love Song) за драмата 100 Дена мој принц, во која главната улога ја играл колегата од Eксo, Ди.Оу. Тој и Чанјеол учествувале и во пишувањето текстови за „Лав шот“ (Love Shot), главната песна од реиздаденото издание на петтиот студиски албум на Ексо, Донт мес ап мај темпо (Don't Mess Up My Tempo).
2019–2022: Соло деби и воена служба мини| Чен на Фестивалот на обожаватели во Нејчр репаблик во март 2018 година На 7 февруари 2019 година, Чен објавил оригинален саундтрак со наслов „Мејк ит каунт“ (Make It Count) за драмата Допри го твоето срце. На 8 март, Ес-Ем ентертејнмент потврдил дека Чен се подготвува за својот прв соло албум, кој требал да биде објавен во април. Наречен Ејприл, енд а флаур (April, and a Flower) и се состои од шест песни, албумот бил објавен на 1 април со насловната песна „Бјутифул гудбај“ (Beautiful Goodbye). Учествувал и во пишувањето на текстот за една од песните „Флаур“. Ејприл, енд а флаур се искачил на второто место на топ листите за албуми Гаон во Јужна Кореја.
Во мај, Чен соработувал со јужнокорејската пејачка Уанстар за сингл насловен May We Bye. Во јули, тој бил вклучен во песната на Ејли „Лав“ од нејзиниот албум Батрфлај (Butterfly). На 1 октомври, Чен го издал својот втор мини-албум, Дир мај дир (Dear My Dear) со шест песни, вклучувајќи ја и насловната песна „Шел ви?“ (Shall We?) Учествувал во пишувањето на текстот за „Мај дир“ (My Dear), една од песните на албумот. Дир мај дир (Dear My Dear) дебитирала на првото место на топ листите за албуми и топ листите на ајТунс за албуми во вкупно 36 земји.
На 23 јануари 2020 година, Чен и Дајнемик дуо објавиле уште една песна со наслов „Ју“. Во септември, тој објавил оригинален саундтрак со наслов „Јор мунлајт“ (Your Moonlight) за драмата Ти се допаѓа Брамс?. На 16 октомври, Чен објавил дигитален сингл насловен „Хелоу“ (Hello), пред да објави дека е подготвен да се пријави за својата задолжителна воена служба.
Тој се пријавил како активен војник на 26 октомври 2020 година. Бил пуштен на 25 април 2022 година. Во јуни, ја објавил песната „Ан анфамилиар деј“ (An Unfamiliar Day) како дел од саундтракот за ТВ серијата „Доктор адвокат“ на Ем-Би-Си. На 11 октомври, Ес-Ем ја објавил неговата трета EП, Ласт син (Last Scene). Првично планирана да биде објавена на 31 октомври, Ес-Ем објавил дека објавувањето на албумот ќе биде одложено за 14 ноември за да го почитува периодот на жалост воспоставен по судирот на толпа во Итевон. Албумот дебитирал на прво место на Circle табелата на албуми со 85.171 продажби. Подоцна во ноември, Чен ја објавил својата втора песна за серија годината, „Хевн фор ју“ (Heaven For You) за ТВ серијата на Ес-Би-Ес Првите одговарачи.
Во мај 2023 година, Чен и пејачот Јанг Хи-Еун го објавиле синглот на Ес-Ем стејшн „Мај флаур, јор лајт (блум)“ (My Flower, Your Light (Bloom)).
2023–сега: Спор на договорот и ИНБ100 На 1 јуни 2023 година, било објавено дека Чен, Баекхјон и Шиумин ги прекинале своите договори со Ес-Ем ентертејнмент поради задоцнето плаќање и неразумни договори. На 19 јуни, Ес-Ем и тројцата членови објавиле дека двете страни ги решиле разликите околу спорот за договорот и членовите одлучиле да останат во агенцијата.
На 8 јануари 2024 година, Чен се приклучил на компанијата на Бекхјон, ИНБ100, за да управува со неговите соло активности додека активностите на Eксo остануваат под Ес-ЕМ ентертејнмент. Чен ја издал својата четврта ЕП на корејски јазик, Дор (Door), на 28 мај 2024 година, вклучувајќи го и главниот сингл „Емпти“.
Личен живот На 13 јануари 2020 година, Чен го објавил претстојниот брак со својата девојка, на приватна церемонија на која присуствувале и двете нивни семејства. Било објавено и дека свршеницата на Чен била бремена. Нивното прво дете, ќерка, се родило на 29 април. На 19 јануари 2022 година, неговата сопруга го родила нивното второ дете. На 16 август, агенцијата Ес-Ем ентертејнмент се изјаснила дека, свадбата на Чен, која тој не можел да ја одржи поради пандемијата КОВИД--19, ќе се одржи во октомври.
Дискографија Проширени драми
Ејприл, енд а флаур (April, and a Flower) (2019) Дир мај дир (Dear My Dear) (2019) Лест син (Last Scene) (2022) Поларис (Polaris) (2023) Дор (Door) (2024)
Филмографија
Драми Наслов Година Улога Белешки Ексо Некст Дор (Exo Next Door) 2015 година Чен Веб драма; мала улога
Разновидни емисии Наслов Година Улога Белешки Кинг оф меск сингр (King of Mask Singer) 2015 година Натпреварувач Епизоди 21 и 22; Име на сцената: Легендарниот гитара човек Чревл витаут мениџр (Travel without Manager) 2016 година Во главната актерска екипа Епизоди 1-8
Театар Наслов Година Улога Белешки Во височините 2015 година Бени Главна улога
Награди и номинации +Година на презентирање, име на церемонијата на доделување, категорија на награди, номинирана работа и резултат од номинацијатаГодинаНаградаКатегоријаНоминирана работаРезултат201416ти меѓународен младински филмски фестивал во СеулНајдобра песна за серија од машки изведувач"Бест лак“ (Best Luck)Победник201719ти Емнет азиски музички наградиНајдобра соработка "Ноусдајв“ (Nosedive)ПобедникКуоо10 песна на годинатаНоминиран9ти Мелон музички наградиНајдобар рап/Хип хоп наградаПобедник20187ми Музички награди на табелата ГаонПесна на годината - јануариНоминиран20192ри Џини музички наградиМашки соло изведувачЧенНоминиранВокален уметникНоминиранГодишни музички награди „Свежа Азија“ТОП 10 азиско-пацифичка златна песна на годината"Мејк ит каунт“ (Make It Count)Победник11ти Мелон музички наградиТоп 10 уметнициЧенНоминиранАлбум на годинатаЕјприл, енд а флаур (April, and a Flower)Номиниран21ви Емнет азиски наградиНајдобра вокална изведба - соло"Бјутифл гудбај“ (Beautiful Goodbye)НоминиранПесна на годинатаНоминиран34ти Голден диск наградиДигитален БонсангНоминиранДиск БонсангЕјприл, енд а флаурНоминиран29ти Сеул музички наградиНаграда за популарностЧенНоминиранСпецијална награда ХалјуНоминиранНаграда БонсангНоминиранДесанг наградаНоминиран2020 Награди за прв бренд на КорејаМашки вокалистПобедник20222022 Азиски поп музички наградиТоп 20 песни на годината (во странство)"Лест син“ (Last Scene)ПобедникНаграда од избор на луѓето (во странство)Лест син (Last Scene)4то место
Белешки
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Статии со извори на кинески (zh) Категорија:Статии со текст на корејски Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Пејачи од Јужна Кореја