Општина Дедели, именувана и како Месен народен одбор Дедели ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 и 1952-1955 година.
Историја Месниот народен одбор Дедели бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Дедели и Честево. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Делели бил припаднал на Гевгелиската Околија и територијално останал со истите две населени места. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дедели бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Валандово. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Дедели била обновена на сметка на соседната и намалена Општина Валандово со нејзините села Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Дедели повторно била укината и нејзината општинска територија повторно припаднала на проширената Општина Валандово.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Дедели имал 609 жители, односно вкупното население на Дедели и Честево. Од таа бројка, сите биле Турци.
Според пописот од 1953 година, Општина Дедели имала 2,428 жители, односно вкупното население на Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли.
Следува табела според народностите во пописот од 1953 година: Народност Вкупно Македонци 200Турци 2,224Срби 3Хрвати 1
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)
Наводи
Дедели Дедели Дедели Дедели Дедели Категорија:Валандовска Околија Категорија:Гевгелиска Околија