Арсе Авакумовски (роден на 5 октомври 1937 година, во ) — македонски скијач, натпреварувач и репрезентативец во скијачко трчање, подоцна тренер и селектор, повеќепати најуспешен Македонец кој се натпреварувал на „Мавровскиот меморијал“. Живее во Маврово.
Апсолутен првак на Македонија во скијачко трчање бил во периодот од 1960 до 1965 година. Тренирал, се натпреварувал и бил дел од Скијачкиот клуб „Момир Андоновски“ од Маврово. Подоцна, како делегат и селектор присуствувал на XII-те Зимски Олимписки игри во Инсбрук во 1976 година како и на XIV-те Зимски Олимписки игри во Сараево во 1984 година.
Надворешни врски Написи на daily.mk
Категорија:Македонски скијачки тркачи Категорија:Југословенски скијачки тркачи Категорија:Родени во 1937 година