Горица или Костурски Полуостров (често членувано Горицата; , Корица) — карпест полуостров и ниска планина во Костурско, Егејска Македонија.

Опис Полуостровот се наоѓа во западниот дел на Костурското Езеро, источно од планината Саракина, со која е поврзан преку мал провлак. На неговите западни делови е расположен градот Костур.

Пештерата Свети Никола се наоѓа на југоисточниот брег на полуостровот, додека во нејзина непосредна близина се наоѓа попознатата Змејова Пештера. На јужниот брег се наоѓа и Мелничката Пештера. На источниот крај на Горица е сместен средновековниот манастир „Пресвета Богородица Мавровска“.

Провлакот денес е широк околу 400 м, но според записите на Прокопиј Кесариски од раниот среден век, вкупната ширина изнесувала само 15 чекори ( 5 метри). Постои можност во минатото полуостровот да бил отсечен, но кога пресушувало езерото, повотрно се поврзувал со копното.

Поврзано

Костур Костурско Езеро

Наводи

Категорија:Полуострови во Егејска Македонија Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Костур (округ)