Sigur Rós (транскрипција: Сигурос) ― исландска пост-рок музичка група основана во 1994 година во Рејкјавик. Составена е од: пејачот и гитарист Јон Тор Пиркисон - Јонси (исландски: Jón Þór "Jónsi" Birgisson), басистот Кеорк Холм (Georg Hólm) и клавијатуристот Кјартан Свеинсон (Kjartan Sveinsson). Познати се по уникатниот амбиентален и етеричен звук, фалсето гласот на фронтменот Јонси и нивната употреба на гитара со гудало. Музиката на Sigur Rós е комбинација на класични и минималистички естетски елементи. Групата е именувана по сестрата на фронтменот Јонси и во превод значи „Роза на победата“.
Историја
1997–1999: Почетоци и први успеси Јон Тор Пиркисон - Јонси (гитара и пејач), Кеорк Холм (бас) и Агуст Гунарсон (тапани) ја основале групата Sigur Rós во Рејкјавик во јануари 1994 година. Името на групата, што се преведува како „Роза на победата“, е преземено од името на помладата сестра од Јонси, Сигурос, родена неколку дена пред основањето на групата.
Во 1997 година, го објавиле албумот Von, а во 1998 година ремикс-колекцијата, Von brigði. Во 1998 година на групата ѝ се придружил Кјартан Свенсон на клавијатури.
Меѓународна популарност стекнале со нивниот втор албум, Ágætis byrjun од 1999 година. Албумот бил пофален од критичари од цел свет, а групата била пофалена и од познати музчари како што се: Radiohead, Coldplay и Дејвид Боуви. Најпознати песни од овој албум биле: „Svefn-g-englar“ и „Viðrar vel til loftárása“.
2000–2007: Издавање на албумите: ( ), Takk... и Hvarf/Heim Во 2002 година, Sigur Rós го издале нивниот трет студиски албум, под наслов „( )“. Овој албум содржел осум песни поделени на два дела, каде првиот дел е посветен на позитивни чувства, а вториот на темни и мрачни емоции. Албумот е карактеристичен и по тоа што сите песни се без наслов и се пеат на измислен јазик наречен „хоупландски“, што додава на етеричниот и мистичен квалитет на музиката на групата. десно|мини| Sigur Rós на настап во Барселона, 2005 година Нивниот четврти албум, Takk... го користел препознатливиот звук од нивниот втор албум, но со повеќе рок елементи и со поголема употреба на гитара. Бил издаден во септември 2005 година. „Hoppipolla“, вториот официјален сингл од Takk... , била користена во: трејлерите на Би-би-си во серијата Планетата Земја од 2006 година, одјавната шпица од финалето на ФА Купот во 2006 година, веслачката трка на Оксфорд и Кембриџ во 2006 година, рекламите на Би-би-си за натпреварите на Англија за време на Светското првенство на ФИФА во 2006 година, на телевизиски реклами за галските игри на RTÉ во Ирска и на реклама за Оксфам. Искористена е и во последната сцена од филмот Пенелопа, за трејлерот од филмот Деца на човештвото и за трејлерот од филмот Милионер од гетото. мини|На UCLA во 2008 година, свирење на акустичен сет пред прикажувањето на Heima Во август 2007 година, било објавено ограничено ДВД+ЦД издание на саундтракот од 2002 година за документарниот филм Хлеммур. На 5 ноември групата го издала Hvarf/Heim, двоен компилациски албум кој содржел студиски верзии на претходно необјавени песни и акустични студиски верзии на нивни постари песни.
2008–Денес: Подоцнежни изданија и турнеи Петтиот студиски албум на Sigur Rós, Með suð í eyrum við spilum endalaust (во превод на македонски: Со зуење во ушите свириме бескрајно), бил издаден во јуни 2008 година и добил претежно позитивни критики. Стилски се разликувал од нивните претходни изданија; имало повеќе гитара и помалку други жичани инструменти, и содржел повеќе песни ориентирани на поп-музика. Последната песна „All Alright“ била прва песна од групата испеана на англиски јазик, но текстовите на сите други песни се на исландски. десно|мини| Sigur Rós настапува во Борнмаут, Обединето Кралство, 2008 година Во 2009 година Јонси започнал соло-кариера, а неговиот прв соло-албум Go, бил објавен следната година.Gershuny, Diane.
По четиригодишна пауза, на 23 мај 2012 година групата го издала албумот Valtari. на 26 март 2012 година, групата го издала првиот официјален сингл од албумот, „Ekki múkk“. На 10 мај 2012 година, новата песна од Sigur Rós „Dauðalogn“ била премиерно прикажана на „The Departed“, последната епизода од третата сезона на Вампирски дневници.
Групата се појавила во ТВ-серијата Игра на тронови во епизодата „Лавот и розата“ на 13 април 2014 година. Тие, исто така, ја обработиле песната „The Rains of Castamere“, која прво била снимена од групата National за претходната епизода, „Blackwater“.
На 16 јуни 2023 година, Sigur Rós го издале „Blóðberg“, прв сингл од нивниот осми студиски албум, Átta. Самопродуцираниот албум бил снимен во студиото Sundlaugin, во руралните предградија на Рејкјавик.
Дискографија
Von (1997) Ágætis byrjun (1999) ( ) (2002) Takk... (2005) Með suð í eyrum við spilum endalaust (2008) Valtari (2012) Kveikur (2013) Átta (2023)
Наводи
Надворешни врски
Sigur Rós discography at Discogs
Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Исландски музички групи Категорија:Музички групи основани во 1994 Категорија:Алтернативни рок-групи Категорија:Пост-рок групи Категорија:Арт-поп групи Категорија:Музички групи основани во 1994 година