Mazzy Star ― американска алтернативна рок-група основана во 1988 година во Санта Моника, Калифорнија, од страна на Дејвид Робак (1958 ― 2020) и Хоуп Сандовал.

Најпозната песна на Mazzy Star е „Fade into You“, со која групата забележала одреден успех во средината на 1990-тите и често била емитuвана на MTV, VH1 и на радио.

Историја Групата Mazzy Star била основана од Дејвид Робак, кој претходно бил дел од групата Rain Parade, една од најпопуларните на нео-психоделични рок-групи во Лос Анџелес. Робак во 1983 година основал уште една група, Opal, заедно со басистот Кит Мичел и неговата тогашна девојка, пејачката Кендра Смит.

По заминувањето на Смит од Опал среде турнејата за поддршка The Jesus and Mary Chain, Хоуп Сандовал, која била долгогодишен обожавател на Opal, била поканета да се приклучи како нова пејачка. Со доаѓањето на Сандовал, Opal се трансформирал во Mazzy Star.

Првиот албум на групата, She Hang Brightly, бил издаден во мај 1990 година. Иако не бил особено успешен, песните од албумот биле често емитувани на радијата за алтернативна рок-музика, и придонел групата да стекне одередена популарност.

По распаѓањето на американскиот огранок од Rough Trade кон крајот на 1990 година, Mazzy Star накратко останале без издавачка куќа. За неколку недели, потпишале договор со Capitol, кој на 4 ноември 1990 година повторно го објавил албумот She Hangs Brightly и исто така на 27 септември 1993 година го објавил нивниот втор албум, So Tonight That I Might See. Една година по објавувањето, албумот донел неочекуван хит сингл. „Fade into You“ се искачил на 44-то место на Billboard Hot 100, нивна прва песна на оваа топ-листа.

Нивниот последен албум со Капитол, Among My Swan, бил издаден на 29 октомври 1996 година. Иако не успеал да го достигне комерцијалниот успех на претходникот, албумот добил позитивни критики и бил добро прифатен од долгогодишните обожаватели на групата.

По издавањето на Among My Swan, групата направила долга пауза. Непосредно по распаѓањето на Mazzy Star, Сандовал, која се појавила на изданието од Jesus and Mary Chain од 1994 година , Stoned & Dethroned, имала уште едно гостување на нивниот албум Munki, а исто така соработувала со Chemical Brothers, додека Робак продуцирал и измиксал две песни за албумот од Бет Ортон од 1999 година, Central Reservation. Хоуп Сандовал започнала соло кариера со нејзината нова група Hope Sandoval & the Warm Inventions, а Дејвид Робак продолжил да работи како продуцент и соработувал со многу музичари.

По повеќе од 15 години без ново студиско издание, Mazzy Star се вратиле на музичката сцена во 2013 година со албумот Seasons of Your Day.

Кит Мичел, кој тропал на тапани на сите четири албуми од Mazzy Star, починал на 14 мај 2017 година.

Во јуни 2018 година, групата повторно се обединила за нивните први концерти по пет години, настапувајќи три последователни вечери во Сиднејската опера како дел од Vivid Live. Истиот месец, го објавиле EP-то Still.

Дејвид Робак починал од рак на 24 февруари 2020 година.

Од 2020 година, групата во голема мера е на пауза, при што секој член се занимава со соло-активности.

Членови

Сегашни членови

Хоуп Сандовал – пејачка, акустична гитара, хармоника, Хамонд-оргули, удирачки инструменти (1988–1997, 2012–сега) Суки Еверс – клавијатури (1988–1997, 2012–денес) Колм Окисоф – гитара, бас, клавијатури, тапани (2012-денес) Џош Јене – челична гитара со педали, гитари, тапани (2012–сега)

Поранешни членови

Дејвид Робак – гитари, клавијатури, пијано (1988–1997, 2012–2020; неговата смрт) Кит Мичел – тапани, перкусии (1988–1997, 2012–2017; неговата смрт) Џил Емери – бас (1993–1996) Вилијам Купер - клавијатури, виолина (1988-1997; починал во 2001 година)

Дискографија

She Hangs Brightly (1990) So Tonight That I Might See (1993) Among My Swan (1996) Seasons of Your Day (2013)

Наводи

Надворешни врски

Mazzy Star official webstore

Категорија:Музички групи од Лос Анџелес Категорија:Музички групи основани во 1988 година Категорија:Американски психоделични рок-групи Категорија:Музички групи со женски вокал Категорија:Американски дрим-поп групи Категорија:Американски алтернативен рок музички групи