NSYNC (транскрипција: Енсинк; исто така стилизирани како *NSYNC или ' N Sync) ― американска вокална група основана од Крис Киркпатрик во Орландо во 1995 година. Групата ја сочинуваат: Киркпатрик, Џастин Тимберлејк, Џои Фатоне, Ленс Бас и Џеј Си Шазеј. Нивниот прв албум бил успешно издаден во Европа во 1997 година, а подоцна дебитирале на американскиот пазар со синглот „I Want You Back“.
NSYNC заминале на пауза во 2002 година и повторно се обединиле во 2023 година по што го издале синглот „Better Place“ за анимираниот филм Троловите повторно се здружуваат (2023).
Групата пеела или снимила песни со: Елтон Џон, Стиви Вондер, Мајкл и Џенет Џексон, Бритни Спирс, Фил Колинс, Селин Дион, Аеросмит, Нели, Лиза Лопес, Мери Џеј Блајџ, кантри-групата Алабама и Глорија Естефан.
Историја
1995–1997: Основање и почетоци мини|280x280пкс| Логото на NSYNC Во 1994 година, Крис Киркпатрик се запознал со Лу Перлман, кој претходно ги создал Backstreet Boys. Преку заеднички пријател Киркпатрик дознал дека Перлман е заинтересиран да финансира уште една вокална група. Киркпатрик ја искористил можноста и една година се обидувал се да најде други членови кои ќе му се придружат. Конечно го пронашол Џастин Тимберлејк (кој бил дете-ѕвезда во ТВ-емисијата Клубот на Мики Маус). Тимберлејк, заедно со неговиот пријател Џеј Си Шазеј, кои исто така бил дел од „Клубот на Мики Маус“, се приклучиле на проектот. По неколку аудиции, групата била комплетирана со Џои Фатоне и Ланс Бас.
NSYNC името го добиле откако мајка му на Тимберлејк коментирала колку се „синхронизирани“ пејачките гласови на групата. Името на групата исто така се совпаѓа со последната буква од имињата на почетните членови: Justi N, Chri S, Joe Y, Jaso N и J C.
Откако потпишала со BMG Ариола Минхен, групата била пратена во Шведска за да почне да работи на нивниот прв албум. Официјалниот водечки сингл од албумот, „I Want You Back“, бил издаден во Германија на 7 октомври 1996 година и се пласирал во топ-10 во Германија. Нивниот прв албум, NSYNC, прво бил издаден во Германија на 26 мај 1997 година, и се искачил на прво место во втората недела по неговото објавување. Групата наскоро преку ноќ станала популарна низ поголемиот дел од Европа. Албумот успешно котирал на топ-листите во Швајцарија, Австрија и во Источна Европа. Групата објавила уште два сингла: „Tearin' Up My Heart“ и „Here We Go“, кои успеале да стигнат до топ-10 во многу земји во Европа.
1998–1999: Пробив на американскиот пазар и правна битка против Перлман NSYNC го привлекла вниманието на Винсент Де Џорџо, претставник за A&R за RCA Records. Откако го видел настапот на групата во Будимпешта, тој во има на RCA потпишал договор со групата во 1998 година. Групата го издала првиот американски сингл, „I Want You Back“, на 29 декември 1997 година. На 24 март 1998 година бил објавен албумот N Sync. Албумот на почеток слабо котирал на топ-листите, но по настапот на групата на Disney Channel, албумот од 82-ро место на топ-листата за албуми се искачил на деветто место. Популарноста на групата продолжила да се зголемува со нивното следно сингл-издание, „Tearin' Up My Heart“, кое станало поп-радиски хит и една од „100-те најдобри песни од 90-тите“ според VH1.
На 10 ноември 1998 година, групата издала божиќен албум, Home for Christmas. Албумот се искачил на 7-мо место и со ова NSYNC постигнале редок подвиг да има два албума во топ-10 на Билборд истовремено. NSYNC, исто така, снимиле нивна верзија на песната „Trashin' The Camp“ со Фил Колинс. Песната се нашла на саундтракот за филмот од Дизни, Тарзан. Ја снимиле и песната „Somewhere, Someday“ кој се појавила на саундтракот од „Покемон: Прв филм“ . Во септември 1999 година, групата соработувала со Глорија Естефан на песна за саундтракот од нејзиниот филм Музика на срцето.
Во 1999 година, NSYNC започнала правна битка со Лу Перлман, поради, како што верувала групата, недозволени деловни практики од негова страна. Групата се заканила дека ќе замине и ќе потпише со Jive Records, што го натерало Перлман и RCA да ја тужат NSYNC за 150 милиони американски долари. Во тужбата, исто така, се тврдело дека директорите на Jive ја поттикнале групата да го прекрши нејзиниот договор со Trans Continental. Во декември 1999 година, NSYNC и Перлман постигнале вонсудска спогодба, според која групата можела да ги објавува идните албуми со Jive Records.
Исто така во 1999 година, NSYNC глумеле во кратка измислена видео-снимка во научнофанатастичниот филм Армагедон од 1998 година за MTV Movie & TV наградите во 1999 година; била насловен како Armagedd'NSync.
2000–2001: No Strings Attached и светска доминација Врвот на популарноста на NSYNC се совпаѓа со издавањето на нивниот втор албум No Strings Attached, кој бил издаден на 21 март 2000 година. Албумот се продал во рекордни 2,42 милиони примероци во првата недела по објавувањето. До крајот на 2000 година бил продаден над 9,9 милиони примероци. No Strings Attached бил најпродаван албум во 2000 година и втор најпродаван албум на деценијата во САД зад албумот 1 од Битлси. Водечкиот сингл, „Bye Bye Bye“, станал светски хит и се смета за нивна најпрепознатлива песна. Од албумот биле издадени и сингловите „It's Gonna Be Me“ и „This I Promise You“. NSYNC и Aerosmith биле главни ко-изведувачи на шоуто на полувремето на Super Bowl XXXV, насловено „Кралевите на рок и поп“, со настапи од Бритни Спирс, Мери Џеј Блајџ и Нели. NSYNC биле меѓу музичарите кои настапиле на церемониите на Зимските олимписки игри во 2002 година.
2001–2002: Celebrity, пауза и распаѓање На 24 јули 2001 година, NSYNC го издале нивниот трет албум, Celebrity, кој повторно бил комерцијално успешен, но не го надминал рекордот на No Strings Attached. Овој албум содржел поурбан и електронски звук. Сингловите од албумот: „Pop“, „Gone“ и „Girlfriend“ го продолжиле нивниот успех на топ-листите.Албумот имал многу покреативен ангажман од групата, чии членови напишале и продуцирале неколку песни.
За да го промовира албумот Celebrity, групата тргнала на четиримесечна турнеја насловена како PopOdyssey Tour. Турнејата била една од најскапите и најимпресивни продукции во тоа време, со спектакуларни визуелни ефекти и кореографии и со вкупна заработка од преку 90 милиони долари станала една од најголемите турнеи во 2001 година.
По завршувањето на турнејата, групата заминала на пауза и членовите на групата почнале да се насочуваат на свои соло-кариери. Иако паузата прво требало да биде привремена, групата не снимила нови песни потоа ниту пак биле на заедничка турнеја.
Џастин Тимберлејк во 2002 година го објавил неговиот прв соло-албум, Justified. Албумот имал огромен успех и го поставил Тимберлејк како водечка фигура во музичката индустрија. Другите членови исто така работеле на свои проекти, но ниту еден од нив не постигнал успех како Тимберлејк.
2002–2022: Повремени појавувања Групата сè уште присуствувала церемониите за доделување на награди и други настани, и се регрупирала за 45-тото доделување на Греми наградите за да испеат песна посветена на Bee Gees. Тие требало да почнат да работат на нов албум во есента 2003 година, но тоа не се случило.
Есента 2005 година, NSYNC издале албум со најголеми хитови. Во 2007 година, додека го промовирал Out of Sync, Бас го потврдил распаѓањето на групата.
На 25 август 2013 година, членовите на NSYNC се обединиле за еднократен настап на MTV Video Music Awards како дел од специјалниот настап на Џастин Тимберлејк, кој го доби наградата „Michael Jackson Video Vanguard Award“.
На 30 април 2018 година, NSYNC повторно се обединиле за церемонијата кога добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. За да ја прослават оваа пригода, сите пет членови се појавиле во шоуто на Елен Деџенерис. На 14 април 2019 година, Шазеј, Фатоне, Бас и Киркпатрик повторно се обединиле за настап со Аријана Гранде во Коачела. На 19 април 2021 година, Бас, Фатоне и Киркпатрик повторно се обединиле за реклама за Progressive Insurance позната како „3/5ths of NSYNC“.
2023-сега: Обединување На 12 септември 2023 година, по неколкунеделни шпекулации во врска со потенцијалното обединување, сите пет членови од групата заедно се појавиле на MTV Video Music Awards за да ја доделат наградата за најдобра поп музика. На 14 септември, било потврдено дека групата снимила нова песна под наслов „ Better Place“ за анимираниот филм од DreamWorks Троловите повторно се здружуваат. Песната била објавена на 29 септември 2023 година.
Во 2024 година, песната „Bye Bye Bye“ повторно станала популарна откако била прикажана во филмот „Дедпул и Волверин“.
Членови на групата
Сегашни членови
Џастин Тимберлејк (1995–2002, 2023–сега) Крис Киркпатрик (1995–2002, 2023–сега) Џои Фатоне (1995–2002, 2023–сега) Ленс Бас (1995–2002, 2023–сега) Џеј Си Шазеј (1995–2002, 2023–сега)
Дискографија
'N Sync (1997) Home for Christmas (1998) No Strings Attached (2000) Celebrity (2001)
Награди и номинации NSYNC биле номинирани за осум Греми награди. Групата освоила три Американски музички награди, пет Билборд награди, седум МТВ видео музички награди и држат Гинисов рекорд.
Наводи
Надворешни врски
NSYNC discography at Discogs Facebook
Категорија:Американски современ ритам и блуз групи Категорија:Американски поп музички групи Категорија:Музички групи возобновени во 2023 Категорија:Музички групи од Орландо Категорија:Музички групи од Флорида Категорија:Музички групи распаднати во 2002 Категорија:Музички групи основани во 1995 Категорија:Тин-поп групи Категорија:Денс-поп групи Категорија:Американски денс-групи Категорија:Музички групи основани во 1995 година