мини|лево|Сателитска снимка thumb|left|Карта на Линиските Острови.
Кингменовиот Гребен (англ. Kingman Reef) гребен во Тихиот Океан кој му припаѓа на САД како неприпоена територија. Се наоѓа околу 60 km севернозападно од атолот Палмира и околу 1.713 км југозападно од Хонолулу.
Историја Американскиот капетан Едмунд Фанинг го пронашол гребенот на 14 јуни 1798 со својот брод „Бетси“. Во неговата книга Voyages and Travels („Патешествија и патувања“) тој го опишува како за малку ќе настрадал на гребенот, ако не почувствувал опасност и не застанал. На некои поморски карти се нарекува и „опасна карпа“.
Гребенот го добил името по поморскиот офицер В. Кингмен, кој прв стигнал на 29 октомври 1853 со бродот „Шутинг Стар“. Своето откритие го напишал во септември 1855 во весникот „Пријател“ кој се издавал во Хонолулу. Тука ја нагласил опасноста од гребенот, особено ноќе, кога предоцна и се воочува.
Категорија:Корални гребени Категорија:Островски територии на САД Категорија:Мали оддалечени острови на САД Категорија:Линиски Острови Категорија:МСЗП-Категорија Ia