Свети Никола Филантропенов или Спанов () — средновековен манастир на Јанинскиот остров во истоименото езеро, Епир, денешна Грција. Влегува во состав на Јанинската епархија на Цариградската патријаршија.
Манастирот бил основан од членови на семејството Филантропенови, кои се населиле во оваа област по опсадата на Цариград во 1204 г. За ктитор на манастирот се смета Михаил Филантропен, јанински митрополит на крајот на XIII век. Во XVI век бил обновен од игумените Неофит и Јоасаф Филантропени.
Градбата претставува трикорабна базилика со подигнат среден кораб. Фреските во католиконот потекнуваат од XVI век, дела на зографите Франкос Кателанос и браќата Георги и Франкос Контарис. На нив се претставени сцени од животот на Исус Христос, Богородица, химната на Акатист, сцени од Стариот Завет, животот на Св. Никола Чудотворец и од други светци, календарот, како и од седумте старогрчки мудреци.
Поврзано
Јанинска епархија
Наводи
Категорија:Цркви во Јанина Категорија:Манастири во Јанинската епархија Категорија:Епирско Деспотство