Костадинка Арсова Кусева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис За време на окупацијата била професор во Скопје и член на воспитна rрупа. Од август 1941 година станала член на КПЈ. Формирала и раководела со воспитни групи. Растурала летоци и илегален материјал. Од септември 1941 година била назначена за професор во Гевгелија каде работела на омасовувањето на народно-ослободителното движење меѓу учениците и жените од градот. Во 1942 година станала секретар на партиска ќелија. Примала курири од Тиквешко, а подоцна и самата била врска во околијата на Гевгелија, а повремено и со Скопје. Со исфрлањето на Гевгелискиот партизански одред таа служела за врска во градот. Во февруари 1944 година била уапсена од бугарската полиција и интернирана во Кржали (Бугарија). Со општата амнестија во 1944 била ослободена и стапила во Шеснаесеттата македонска ударна бригада во Скопска Црна Гора.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ