Стефан Миланов Бобев, попознат како Стефан Бобев (Велес, 1911 — Велес, 8 ноември 1944) — македонски партизан и комунист. Учесник во народната ослободителна борба во велешкиот реон. Член во Комунистичката партија на Југославија и Сојуз на комунистите на Македонија. Помошник на велешкиот одред „Димитар Влахов“. Загинал во 8 ноември при ослободувањето на Велес.Стефан Миланов Бобев (2009) од Македонската енциклопедија По негова чест неколкумина улици во градот Велес го носат неговото име.

Животопис Бобев е роден во велешко сиромашно работничко семејство. Завршил основно школско образование во неговиот роден град. После образованието работел како наемен физички работник и како ќумурџија. Помеѓу 1937 и 1938 година го отслужил неговиот воен рок во Југославската армија. Во 1937 година го прифатил комунизмот и социјализмот и станал активист во градот. Се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и станал активен член во велешкиот реон.

Во 16 јануари 1939 година учествувал во монополскиот штрајк и протест против Југославската власт. За време на протестот во монополот биле присутни истакнатите велешки фотографери Љубе Манушев и Дамаскин Манушев. Двајцата Манушеви ги сликнале учесниците во протестот. Еден од сликите произведено од Љубе Манушев била позната под насловот „Сакаме Леб“. Во сликата е присутен и Бобев.Полн кадар - Живот со фотографии, Љубе Манушев (1986)

Учество во НОБ Со априлската војна и подпаѓањето на неговиот роден град под суровата бугарска фашистичка окупација Бобев одлучил да стане активен учесник во НОБ. Помеѓу 1941 и 1942 година помогнал со собирајќи оружја и материјали за денот на востанието. Во текот на 1942 година патувал во различни села и градови околу велешкиот реон и почнал да соработува со велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Бобев не се приклучил во одредот но им помогнал со материјали.

Неговата активност со одредот продолжува и помеѓу 1943 и 1944 година. Бобев приклучил различни млади партизани од градот во одредот и во други партизански одреди. Бобев им помогнал на различни партизани и комунисти да се скријат од фашистичката окупација и им помогнал со храна и оружја. Бобев никогаш не учествувал во битките но сепак сакал да им помогне. Во 8 ноември 1944 година за време на ослободувањето на градот Велес, Бобев се приклучил за првпат во борбите но заради неговото невоено искуство трагично загинал неколку часа пред ослободувањето на градот. После неговата смрт бил погребан во велешката спомен костурница.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Жртви во битката за ослободувањето на Велес Категорија:Македонски партизани Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Учесници во НОБ