Максин () — американски филм на ужасите од 2024 г. во режија и сценарио на Тај Вест. Тоа е продолжение на филмот „Икс“ и третиот дел од истоимената филмска трилогија. Главната улога, како и во претходните делови, ја имала Мија Гот, а споредните улоги ги имале Елизабет Дебики, Лили Колинс, Мозес Самни, Мишел Монахан, Боби Канавале, Џанкарло Еспосито, Кевин Бејкон и Холзи. Заплетот ја следи Максин Минкс, единствената преживеана од првиот филм, која патува во Лос Анџелес за да го оствари својот сон да стане позната глумица, но станува мета на таинствен убиец.
Премиерата на филмот во САД била на 5 јули 2024 г., а во Македонија на 18 јули истата година.
Содржина Во Холивуд од 1980-тите, филмската ѕвезда за возрасни и честољубива глумица Максин Минкс конечно го добива својот голем пробив. Но додека таинствен убиец ги демне старлетите на Холивуд, трага од крв се заканува да го открие нејзиното злобно минато.
Улоги ГлумецУлогаМија ГотМаксин МинксЕлизабет ДебикиЕлизабет БендерМозес СамниЛеон ГринМишел Монахандетективка ВилијамсБоби Канаваледетектив ТоресХолзиТаби МартинЛили КолинсМоли БенетЏанкарло ЕспозитоТеди НајтКевин БејконЏон ЛабатСајмон ПрастЕрнест МилерКлои ФарнвортАмбер ЏејмсУли ЛатукефуШепард Туреј
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик