Прилепска газоза — газиран освежителен безалкохолен пијалак со арома и вкус на круша. Иако пијалаци со слично или исто име се прават во други земји, газозата со вкус на круша е изворен производ на Македонија, популарен меѓу жителите на земјата со децении. Вкусот на овој пијалак често се споредува со клакер.

Газозата е еден од најпродаваните безалкохолни газирани пијалаци на македонскиот пазар, а неговиот препознатлив вкус е ценет и на странските пазари. Газоза се извезува во околните балкански земји, Австрија, Швајцарија, Шведска, Австралија и Соединетите Американски Држави. Газозата ја произведува Прилепска пиварница.

Енергетска вредност +Нутритивни вредности за 100 мл производ Енергетска вредност 37,0 kcal Протеини 0,0 гр Јаглехидрати - шеќери 10,3 гр Јаглехидрати - влакна 0,0 гр Масти 0,0 гр

Употреба Освен што е освежителен пијалaк, газозата се користи и во готвењето во Македонија, се користи за правење сладок леб.

Наводи

Категорија:Пијалаци Категорија:Безалкохолни пијалаци Категорија:Македонски пијалаци