мини|исправено=1.35|Симулиран судир на две неутронски ѕвезди.
Ѕвезден судир ― здружување на две ѕвезди предизвикани од ѕвездената динамика во ѕвезденото јато, или од орбиталното распаѓање на двојната ѕвезда поради губење на ѕвездената маса или гравитациското зрачење, или од други механизми кои сè уште не се добро разбрани.
Сите ѕвезди во универзумот можат да се судрат, без разлика дали се „живи“, што значи дека соединувањето е сè уште активно во ѕвездата или „мртва“, а соединувањето повеќе не се одвива. Белите џуџести ѕвезди, неутронските ѕвезди, црните дупки, ѕвездите од главната низа, џиновските ѕвезди и суперџиновите се многу различни по видот, масата, температурата и полупречникот и соодветно на тоа создаваат различни видови судири и остатоци.
Видови ѕвездени судири и спојувања
Спојувања на двојни ѕвезди Околу половина од сите ѕвезди на небото се дел од двојни системи, со две ѕвезди кои кружат една околу друга. Некои двојни ѕвезди кружат една околу друга толку блиску што ја делат истата атмосфера, давајќи му на системот облик на кикирики. Додека повеќето такви допирни двојни системи се стабилни, некои стануваат нестабилни и или исфрлаат еден партнер или на крајот се спојуваат.
Астрономите предвидуваат дека настани од овој тип се случуваат во збиените јата на нашата галаксија околу еднаш на секои 10.000 години. На 2 септември 2008 година, научниците првпат забележале спојување на ѕвездите во Скорпија (наречено V1309 Скорпија), иако не било познато дека тоа е резултат на спојување на ѕвезди во тоа време.
Супернова од видот Ia
Белите џуџиња се остатоци од ѕвезди со мала маса кои, доколку образуваат двоен систем со друга ѕвезда, може да предизвикаат големи ѕвездени експлозии познати како супернови од типот Ia. Нормалната рута по која се случува ова вклучува бело џуџе што влече материјал од главната низа или црвена џиновска ѕвезда за да образува насобирачки диск.
Многу поретко, супернова од видот Ia се јавува кога две бели џуџиња кружат блиску тесно. Емисијата на гравитациските бранови предизвикува двојката да се врти навнатре. Кога конечно ќе се спојат, ако нивната комбинирана маса се приближи или ја надмине Чандрасекаровата граница, запалена е јаглеродното соединување, зголемувајќи ја температурата. Бидејќи белото џуџе се состои од изродена материја, не постои безбедна рамнотежа помеѓу топлинскиот притисок и тежината на прекриените слоеви на ѕвездата. Поради ова, неизбежните соединувачки реакции брзо ја загреваат внатрешноста на комбинираната ѕвезда и се шират, предизвикувајќи експлозија на супернова. За неколку секунди, целата маса на белото џуџе е фрлена во вселената.Freedman, Roger A., Robert M. Geller, William J. Kaufmann III(2009). The Universe 9th Edition,p.543-545. W.H. Freeman and Company, New York.
Спојување на неутронски ѕвезди
Спојувањето на неутронските ѕвезди се случува на начин сличен на ретките супернови од видот Ia кои произлегуваат од спојувањето на бели џуџиња. Кога две неутронски ѕвезди кружат блиску, тие се вртат навнатре како што поминува времето поради гравитациското зрачење. Кога ќе се сретнат, нивното спојување води до образување или на потешка неутронска ѕвезда или на црна дупка, во зависност од тоа дали масата на остатокот ја надминува Толман-Опенхајмер-Волкофовата граница. Ова создава магнетно поле кое е трилиони пати посилно од она на Земјата, за една или две милисекунди. Астрономите веруваат дека овој вид настан е она што создава кратки изливи на гама-зраци и килонови.
Настанот од гравитациски бран што се случил на 25 август 2017 година, GW170817, бил пријавен на 16 октомври 2017 година дека е поврзан со спојување на две неутронски ѕвезди во далечна галаксија, првото такво спојување забележано преку гравитациско зрачење.
Торн-Житкови тела
Ако неутронска ѕвезда се судри со црвен џин со доволно мала маса и густина, претпоставувано е дека спојувањето ќе произведе Торн-Житково тело, хипотетички вид збиена ѕвезда која содржи неутронска ѕвезда обвиткана со црвен џин.
Образување на планети Кога две ѕвезди со мала маса во двоен систем се спојуваат, масата може да биде исфрлена во орбиталната рамнина на ѕвездите кои се спојуваат, создавајќи насобирачки диск од кој може да бидат образувани нови планети.
Откритие Додека концептот на ѕвезден судир постои за неколку генерации на астрономи, само развојот на новата технологија овозможил тој да биде пообјективно проучуван. На пример, во 1764 година, астрономот Шарл Месје го открил јатото ѕвезди познат како Месје 30. Во дваесеттиот век, астрономите заклучиле дека јатото е старо приближно 13 милијарди години."Stellar Collisions and vampirism give blue stragglers stars a 'cosmic facelift'", Asian News International, 29 декември 2009 Вселенскиот телескоп „Хабл“ ги решил поединечните ѕвезди на Месје 30. Со оваа нова технологија, астрономите откриле дека некои ѕвезди, познати како сини доцначи, изгледале помлади од другите ѕвезди во јатото. Астрономите потоа претпоставиле дека ѕвездите можеби се „судиле“, или „се споиле“, давајќи им повеќе гориво, па тие продолжиле со соединувањето додека другите ѕвезди околу нив почнале да излегуваат.
Ѕвездени судири и Сончевиот систем Додека ѕвездените судири може да се случат многу често во одредени делови од галаксијата, веројатноста за судир со Сонцето е многу мала. Пресметката на веројатноста предвидува дека стапката на ѕвездени судири со Сонцето е 1 на 1028 години. За споредба, староста на универзумот е од редот 1010 години. Мала е и веројатноста за блиски средби со Сонцето. Стапката е проценувана со формулата:
N ≈ 4,2 · D2 Myr−1
каде N е бројот на средби на милион години кои се во радиус D од Сонцето во парсеци. За споредба, средниот полупречник на кружењето на Земјата, 1 атрономски единици, е .
Нашата ѕвезда најверојатно нема да биде директно засегната од таков настан бидејќи нема ѕвездени јата доволно блиску за да предизвикаат такви заемодејствија.
KIC 9832227 и спојувања на двојни ѕвезди Анализата на затемнувањата на KIC 9832227 првично наведувала дека неговиот кружен период навистина се скратува и дека јадрата на двете ѕвезди ќе се спојат во 2022 година. Сепак, последователната повторна анализа покажа дека една од збирките на податоци користена во првичното предвидување содржи 12-часовна грешка во нагодувањето време, што довело до лажно очигледно скратување на кружниот период на ѕвездите.
Механизмот зад спојувањето на двојни ѕвезди сè уште не е целосно разбран, и останува еден од главните фокуси на оние што го истражуваат KIC 9832227 и другите допирни двојни системи.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Судирни настани Категорија:Ѕвездена астрономија Категорија:Статии кои содржат видео клипови Категорија:Ѕвездена динамика