Орхан Муртезани (р. 7 јуни 1984 во Скопје) — македонски политичар и поранешен министер за европски прашања во кабинетот на Христијан Мицкоски. Тој е од редовите на ВРЕДИ.

Животопис Муртезани е роден на 15 октомври 1984 година во Скопје. Завршува високо образование на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекна со диплома по економија. Потоа го продолжува своето образование на Универзитетот Мармара во Истанбул, каде што завршува последипломски студии.

Неговата професионална кариера започнува во 2015 година кога станува директор на Центарот за демократија и развој, позиција која ја врши до 2017 година. Од 2016 година, пак, Муртезани е и портпарол на политичката партија Алтернатива.

Во 2019 година, Муртезани е назначен за генерален директор и претседател на Управниот одбор на А.Д. Железници на Македонија - Транспорт, позиција која ја извршува до октомври 2020 година. Во периодот од 2020 до 2021 година  тој е соосновач и директор на приватна транспортна компанија.

Од декември 2021 до март 2023 година, Муртезани е генерален директор и претседател на Управниот одбор на А.Д. МЕПСО.

Муртезани покрај албанскиот течно говори македонски, албански, турски и англиски јазик.

На 23 јуни 2024 година Муртезани бил назначен за министер за европски прашања во кабинетот на Христијан Мицкоски.

На 24 декември 2025 година Муртезани бил разрешен од функцијата министер за европски прашања, и беше одбран за советник на премиерот Христијан Мицкоски. Наводи