Духло (, Духлос) — пештера над селото Дупјак, Костурско, Егејска Македонија.
Пештерата се наоѓа во планината Диминик, над селската црква „Св. Никола“. Пештерата е мала и целосно отворена за пристап.
Во пештерата има тесен премин низ кој, според месното предание, луѓе со големи гревови неможат да поминат. Според другото предание, ако родилка помине низ преминот, таа нема повеќе да раѓа. За време на Втората светска војна, Духлото служело како засолниште за прогонетото население.
Поврзано
Дупјак Диминик
Наводи
Категорија:Пештери во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина)