1458 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1458 година од новата ера, 458. од вториот милениум, 58. од XV век и деветта од 1450-тите.

Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6966 и 6967 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6208 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5218 и 5219 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2211.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1458 година се протега во 4094 и 4095, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4154 и 4155 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2001. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 862 и 863 исламска година. Настани

Јануари - декември 24 јануари - Матија Корвин станува крал на Унгарија, на возраст од 14 години. 25 март - Денот на љубовта е изведена во Лондон, со што Хенри VI се обидува да ги обедини завојуваните фракции кои ја започнале Војната на розите 19 август - Папата Пиј II го наследува папа Каликс III, како 210-ти папа. 24 октомври - Кралот Афонсо V Потугалски го освојува Ксар ес Сегир, во Северна Африка

Непозната дата Основан е Магдален колеџ во Оксфорд. Јиржи Подебрадски станува крал на Бохемија. Алвизе Кадамосто ги открива првите острови на Зелениот ’Рт. Престанува да постои Атинското Војводство. Отоманските властите издаваат декрет за заштита на акрополот, по освојувањето на Атина. Монтесума I започнал неуспешна воена експедиција. Голем вулкан еруптира од Кувае во Тихиот Океан.

Родени 15 февруари - Иван Младиот, Владетел на Твер (п. 1490) 9 април - Камила Батиста да Варано, италијанска светителка (п. 1524) 13 април - Јован II, војвода од Клевс (п. 1521) 2 мај - Елеонора Визејска, португалска принцеза, а (подоцна) кралица на Португалија (п. 1525) 18 август - Лоренцо Пучи, италијански католички кардинал (п. 1531) 13 септември - Караманли Мехмед-паша, османлиски државник и Голем везир на империјата во периодот од 1477 до 1481 година (п. 1481) 3 октомври - Свети Казимир, pринцот од Полска и Војвода од Литванија (п. 1484) 16 октомври - Адолф II фон Анхалт-Кетен, германски принц (п. 1526) непознатa data Јаков Обрехт, холандски композитор (п. 1505) Јакопо Саназаро, италијански поет (п. 1530) Амаго Цунехиса, јапонски воен водач (п. 1541) веројатно Ричард Греј, полубрат на Едвард V (п. 1483)

Починале 17 јануари - Лудвиг I, управител на Хесен (1413-1458) (р. 1402) 20 февруари - Лазар Бранковиќ, српски деспот 25 март - Ињиго Лопес де Мендоса, шпански поет (р. 1398) 11 април - Елена Палеологина, кралица на Кипар (р. 1428) 27 јуни - Крал Алфонсо V Арагонски (р. 1396) 28 јули - Јован II Кипарски 6 август - Папа Каликст III (р. 1378) 7 септемвври - Марија Кастилска, кралица на Арагон и Неапол (р. 1401) 26 декември - Артур III, војвода од Бретања (1393) непозната дата - Изабел Роме, мајка на Јованка Орлеанка

Наводи

Надворешни врски

51458