Амурска Плоча — мала тектонска плоча на северната и источната полутопка.

Плочата е нарчена по реката Амур, која ја образува границата помеѓу Рускиот Далечен Исток и североисточна Кина. На север, запад и југозапад се граничи со Евроазиската Плоча, на исток со Охотската, на југоисток со Филипинската долж Сурушката Бразда и Нанкајската Бразда, потоа со Окинавската и Јангцекјаншката Плоча.Yu. F. Malyshev, et al. Deep structure of the Amur lithospheric Plate border zone.

Можно е Амурската Плоча да е одговорна за земјотресот во Хајченг во 1975 г. и оној во Тангшан во 1976 г., двата во Кина.

Граници

Амурската Плоча е микроплоча, дел од од Евроазиската, со непозната западна граница. На југ е оградена од Ќинлингшката шевна зона во средна Кина и Бајкалската Раседна Зона и Становојските Планини на север.

Бајкалската Раседна Зона се смета за граница помеѓу Амурската и Евроазиската Плоча. Мерењата со ГПС покажуваат дека плочата бавно се врти надесно. Границата меѓу Охотската Плоча е источната граница на Јапонското Море.

Географија

Плочата ги зафаќа североисточна Кина, Корејскиот Полуостров, Јапонското Море, Шикоку, Кјушу, југозападно Хоншу (Кансај, Чугоку), источна Монголија и југот на Рускиот Далечен Исток.

Поврзано Севернокинески Кратон

Наводи

Категорија:Тектонски плочи Категорија:Геологија на Јапонија Категорија:Геологија на Кина Категорија:Геологија на Јапонија Категорија:Геологија на Северна Кореја Категорија:Геологија на Јужна Кореја Категорија:Геологија на Тихиот Океан Категорија:Далечен Исток (Русија)