мини|245x245пкс|Американските морнарички пешадинци поминуваат обука каде што се изложени на лут спреј. Лут спреј — граѓанско гасно оружје за самоодбрана, опремено со солзавец или надразнувачи, наменето за неопходна одбрана од луѓе и за заштита од агресивни животни (кучиња, волци, се произведуваат и посебни спрејови за мечки со зголемен обем и опсег).
Составни делови Активната состојка во лутиот спреј е капсаицин, добиен од растенија како лути пиперки (Capsicum) во облик познат како олеорезин капсикум (OC, oleoresin capsicum). За да се извлече OC од пиперките, најпрво е потребна ситно мелена пиперка. Капсаицинот потоа се екстрахира со помош на органски растворувач како етанол. Откако растворувачот испарува, преостанатата супстанција е восочна смола наречена олеорезин капсаицин. Sabre Red. FAQs: What is oleoresin capsaicum? August 2020.
Дејство Лутиот спреј е супстанца што предизвикува воспаление. Тоа влијае на слузницата на очите, носот, грлото и белите дробови. Кога се изложени на лут спреј, луѓето доживуваат непосредни симптоми како што се затворање на очите, тешкотии со дишењето, течење на носот и кашлање. Времетраењето на овие дејства разнообразува во зависност од јачината на спрејот. Вообичаено, целосните ефекти траат помеѓу 20 и 90 минути. Арно ама, иритацијата и црвенилото на очите можат да траат до 24 часа по изложувањето.
Проучувањето објавено во The Journal of Investigative Ophthalmology and Visual Science покажало дека еднократното изложување на окото на OC (олеорезин капсикум, активната состојка во лутиот спреј) не е штетно. Меѓутоа, повторената изложеност може да доведе до долгорочни промени во чувствителноста на рожницата. Истражувачите не забележале трајно намалување на видната острина како последица на изложеност на OC.
Наводи
Надворешни врски
Are guns more effective than pepper spray in an Alaska bear attack?
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Хемиско оружје