Пан африканската алијанса за климатска правда (PACJA) претставува мрежа од повеќе од 1000 организации од 48 различни земји во Африка. Таа е сместена со седиште во Кенија и се состои од невладини организации, грасрут организации, трустови, фондации, домородни заедници, земјоделци, организации со седиште во заедницата и верски организации. Мрежата се залага со климатска и еколошка правда и е конзорциум фокусиран на луѓето. Таа била ко-основана од активистите за климата Августин Б Нјамнши и Митика Мвенда.
Цели Целта на PACJA е да промовира намалување на сиромаштијата и создавање позиции засновани на еднаквост, кои се релевантни за Африка во меѓународната политика за климатските промени. Мрежата сака да биде во глобална средина без закани од климатските промени и се залага за развоен процес заснован на еднаквост и правда за сите човечки суштества. Целта на оваа мрежа е да биде дел од африканска платформа за граѓанските организации да направат достапни информации, да најдат стратегии, да се ангажираат со африканските влади и други важни чинители и да се залагаат за правда и правичност во меѓународниот дијалог за климатските промени. Таа има за цел создавање процеси на одржлив развој со цел да се заштити климата, човековите права.
Активности Во 2017 година, PACJA создаle петиција за да ги спречat Франција и ЕУ да се мешаат во Африканската иницијатива за обновлива енергија (AREI). Единицата AREI е со седиште во Африканската банка за развој (AfDB) во Абиџан. Организации од десетици земји ја поддржаа петицијата, вклучително и групи како Гринпис Маврициус, Сомалиска мрежа за климатски промени, Мрежа за човекови права и правна помош од Судан, Новинари за климатски промени во Нигерија и Млади волонтери за животна средина Замбија. Загриженоста на овие групи се темелела на мешањето на ЕУ и Франција во инвестициските планови за развој на обновлива енергија во Африка.
Со цел промовирање на новинарството, PACJA ги создале наградите ACCER во 2013 година за да ja награди и одржи извонредноста во новинарство за животна средина.
На 21 август 2021 година, PACJA го започнала летното училиште во Најроби за климатска правда на Универзитетот во Кенија. Во пилот програмата учествувале 700 луѓе.
2016 беше година, кога PACJA ја основале Африканската коалиција за одржлива енергија (ACSEA), мулти-организациска алијанса, за да се залага за децентрализирана енергија со ниска содржина на јаглерод.
Од септември 2021 година до септември 2024 година, PACJA го започнале проектот GUARD Africa, проект за реконструкција по COVID-19 кој се фокусира на „ниско ниво на јаглерод, отпорен на климата, праведен и инклузивен развој“. Програмата чинела 50 милиони шведски круни, или 5,1 милиони долари.
Во 2022 година, PACJA ја лансирале Националната мрежа на назначени власти за финансирање на Африка зелена клима (AFDAN). Целта на програмата е да се зголеми пристапот до климатски финансии за да може африканските земји да се прилагодат на климатските промени. Земјите од Африка со воспоставено законодавство за климата добиваале 1,3 милиони долари годишно.
Почнувајки од 2023 година, PACJA почнале со имплементирање на проектот за Африкански активисти за климатска правда (AACJ). Целта на овој проектот е да се залага за особено климатски ранливи групи - жени, деца и домородни заедници - да живеат во „здрава и одржлива средина во контекст на климатска вонредна состојба“. 5-годишниот проект е финансиран од холандското Министерство за надворешни работи, а се спроведува во Буркина Фасо, Етиопија, Кенија, Нигерија, Мозамбик, Сенегал, Сомалија и Јужна Африка.
Наводи
Категорија:Обновливи извори на енергија Категорија:Климатски промени