мини|269x269пкс|Женски усни Усни () — кожно-мускулни образувања сместени на влезот на усната празнина. Составени се од горен (labium superius) и долен (labium inferius) дел. Го претставуваат видливиот дел од устата на човекот и повеќето животни. Усните се меки и подвижни и служат за отворање кон системот за варење при внесување храна, како ероген орган за време на бакнувањето и други дела на блискост, како тактилно-сетилен орган како и во артикулацијата на говорот.
Усни кај животните
Говеда — дебели, ниски и слабо подвижни Овци — долги, многу подвижни, со длабока средна бразда. Свињи — долги, груби, слабо подвижни. Коњи — дебели, подвижни, чувствителни, покриени со мека кожа. Мачки — горната усна е мала и слабо изразена.
Поврзано
Усна празнина
Наводи
Надворешни врски
Биологија за II година
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Уста Категорија:Лице