Ниверо или Ниверос (, Ивира) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 468 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се ноаѓа во Серско Поле, околу 17 км југоисточно од гратчето Нигрита, крај патот што води од Нигрита до Струмскиот Залив, на надморска височина од 60 м.
Историја
Во Отоманското Царство За време на османлиско владеење селото било чифлик на светогорскиот манастир Ивирон, поради што било познато и под името Грузиски Метох.
Во XIX век Ниверо било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ивиро (Iviro) имало 18 домаќинства со 15 жители муслимани и 40 жители Грци.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ниверо имало 80 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Невирос имало 150 Грци.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело само 4 машки жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 50 лица. Во 1923 г. во Ниверо се доведени 187 бегалски семејства (вкупно 790 бегалци).
Стопанство Селото е богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои даваат и по две реколти годишно. Населението произведува големи количини на памук и други индустриски производи. Внимание му се посветува и на краварството.
Население
Самоуправа и политика Во 1926 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 21,7 квадратен километар. Општината Ниверо била приклучена во општината Черкезќој во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Черкезќој со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ниверо, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Никола“ — изградена во 1988 г.
Личности Родени во Ниверо
Јоргос Гудас (1927-2023) — грчки писател и поет
Наводи
Категорија:Визалтија