Киро Арсов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Потекнувал од земјоделско семејство. По завршување на основното образование, работел како поштарски работник. Бил симпатизер на народно-ослободителното движење во тиквешкиот крај од самиот негов почеток. Во јули 1944 година после борбата помеѓу бугарската војска и борците на Втората македонска ударна бригада, Киро Арсов бил фатен од страна на бугарските воени власти и бил обесен. Тоа не им било доволно на бугарските војници, па на 13 јули 1944 година неговото тело го запалиле во близина на селото Конопиште.
Во негова чест Една улица во неговото родно место Ваташа е именувана по него, а во Кавадарци денес се наоѓа негова биста пред аулата на поштата.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна