Средно Шел или Средно Село (, старо: Κεντρικό Σέλι) — поранешно село во Негушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Негуш на Солунскиот Округ, Грција. Било населено со Македонци.
Географија Селото се наоѓало високо во источните делови на планината Каракамен, југозападно од градот Негуш (Науса), меѓу селата Долно Шел и Горно Шел.
Историја Селото зело активно учество во Негушкото востание во 1822 г.. При задушувањето на востанието, војската на Лобут-паша го срамнила со земја и тоа повеќе не било обновено како вистинско село. Летно време се користело од влашки сточари, но со замирањето на номадското сточарство и преселбата на Власите во градовите, и овие живелишта биле напуштени, и се користат во многу помала мера.
Наводи
Категорија:Историски села во Негуш