Ела Самер Пернел (англ. Ella Summer Purnell; родена на 17 септември 1996) ― англиска глумица.

Живот и кариера Ела Самер Пернел е родена на 17 септември 1996 година во Лондон. Таа земала часови по глума, пеење и танцување во театарската школа „Силвија Јанг“.

Првата сценска улога Пернел ја имала во 2008 година во мјузиклот Оливер! во лондонскиот кралски театар „Друри Лејн“. Нејзината прва филмска улога била во филмот од од Марк Романек, „Не дозволувај ми да заминам“ (2010). Филмот бил заснован на истоимената книга од Казуо Ишигуро, а Пернел ја глумела улогата на младата Рут (возрасната Рут ја играла Кира Најтли). Потоа глумела во: Eternal Life (2010), Intruders (2011), Kick-Ass 2 (2013) и Wildlike (2014).

Во 2014 година, Пернел станала позната кај пошироката публика преку нејзината улога на тинејџерката Малефисент во Дизниевиот филм Малефисент (возрасната Малефисент ја глумела Анџелина Џоли). Во 2016 година, Пернел глумела во филмот „Домот за чудни деца од госпоѓица Перегрин“ во режија од Тим Бартон и заснован на истоимениот роман од Ренсом Ригс. Во 2017 година, глумела во Пристап до сите области и во историскиот драма-филм Черчил, во кој ја глумела секретарката на Винстон Черчил, Хелен Гарет.

Во 2018 година, Пернел ја глумела Хестер Аргајл во мини-серијата Искушение за невиноста“, заснована на истоимената книга од Агата Кристи. Пернел имала главна улога во серијата Sweetbitter (2018), заснована на истоимениот роман од Стефани Данлер. Пернел потоа глумела во: драмата Белгравија (2020) и „Жолти јакни“ (2021). Во 2021 година ѝ го позајмила гласот на Гвин во анимираната серија Star Trek: Prodigy и на Џинкс во анимираната серија на Нетфликс, Arcane. Во 2024 година, таа ја глумела Луси Меклин во драмската серија Fallout.

Филмографија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Глумици од Лондон Категорија:Англиски гласовни глумици Категорија:Англиски телевизиски глумици Категорија:Англиски театарски глумици Категорија:Англиски филмски глумици Категорија:Добитници на Ени награда