Kлин — полиедар определен со два триаголници и три трапезоидни страни. Клинот има пет лица, девет рабови и шест темиња.
Својства Клинот е полиедар со правоаголна основа, а лицата се два рамнокраки триаголникци и два трапези кои се среќаваат на врвот на работ. Призматоид е дефиниран како полиедар каде што неговите темиња лежат на две паралелни рамнини, а неговите бочни страни се триаголници, трапези и паралелограми; клинот е пример за призматоид бидејќи неговиот горен раб е паралелен со правоаголната основа. Зафатнината на клин е еднаква на:каде што правоаголната основа е на , е должината на работ на врвот паралелен со , и е висината од основниот правоаголник до работ на врвот.
Примери мини|160x160пкс| Паралелен клин Во некои посебни случаи, клинот е права призма ако сите рабови што ги поврзуваат триаголниците се еднакви по должина, а триаголните лица се нормални на правоаголната основа.
Клинови може да се создадат од распаѓање на други полиедри. На пример, додекаедарот може да се подели на средишна коцка со 6 клина кои ги покриваат лицата на коцката. Ориентациите на клиновите се такви што триаголникот и трапезот може да се поврзат и да образуваат правилен петаголник.
Тапи клинови може да се образуваат со пресекување на правилен тетраедар на рамнина паралелна на два спротивни раба. +Посебни случаи160x160пксТап клин како бисекција на правилен тетраедар160x160пксКлин изграден од 8 триаголни лица и 2 квадрати. Може да се гледа како тетраедар зголемен со две квадратни пирамиди.160x160пксПравилниот додекаедар може да се разложи на средишна коцка и 6 клина над 6-те квадратни лица.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Призматоиди Категорија:Полиедри