Меган Елизабет Трејнор (англ. Meghan Elizabeth Trainor; родена на 22 декември 1993) ― американска пејачка и ТВ-лице. Во 2014 година потпишала договор со Епик Рекордс (ЕПic Records) и го објавила нејзиниот прв сингл Ол абаут дет бејс (All About That Bass), кој стигнал до прво место на американската топ-листа Billboard Hot 100. Трејнор, објавила пет студиски албуми и добила многу награди и признанија, меѓу кои и Греми-награда за најдобар нов изведувач за 2016 година. Нејзината музика е под влијание на популарната музика од 1950-тите и е мешавина на: поп, Р&Б, ду-воп и соул.
Покрај музичката кариера, Трејнор го позајмила гласот во анимираните филмови Штрумфови: Скриеното село (2017) и Плејмобил (2019). Таа била судија во телевизиските талент-шоуа Четворицата: Битка за Ѕвезден статус (2018), Гласот ОК (2020) и Австралиски идол (2023). Трејнор добила: Греми-награда, четири Американско друштво на композитори, автори и издавачи-награди за поп-музика и две награди „Билборд“.
Живот и кариера
Детство Меган Елизабет Трејнор е родена на 22 декември 1993 година, во Нантакет, Масачусетс. На шестгодишна возраст почнала да пее во методистичка црква каде што нејзиниот татко бил учител по музика и оргулист. На 12-годишна возраст, Трејнор почнала да настапува како дел од групата Ајланд Фјужн (Island Fusion), во која членувале нејзината тетка, помалиот брат и татко ѝ. Во групата останала четири години, а притоа пеела и свирела на: пијано, гитара и бонго-тапани. Групата по барови свирела преработки од Боб Марли, а била и предгрупа за јамајканската пејачка, Бини Мен. На 13-годишна возраст, Трејнор ја напишала нејзината прва оригинална песна, Дај ми шанса (Give Me a Chancе). Во 2009 и 2010 година следела летни програми за музичко образование во музичкиот колеџ Беркли во Бостон за понатамошно развивање на нејзините музички вештини.
2009–2013: Почетоци на кариерата алт=Meghan Trainor performing outside a church in 2010|мини|Трејнор пее во методистичката црква во Нантакет, јули 2010 година Во 2009 и 2010 година, Трејнор самостојно издала три албуми со песни кои самата ги напишала, снимила, изведувала и продуцирала. Нејзиниот прв албум Меган Трејнор бил објавен на 25 декември 2009 година. Следната година Трејнор ги издала акустичните албуми Ќе пејам со тебе (I'll Sing with You) и Само 17 (Only 17).
На музичка конференција во Нешвил, Трејнор се запознала со поранешниот член од NRBQ, Ал Андерсон. Тој бил импресиониран од песните кои ги напишала Трејнор и ја препорачал кај музичката издавачка куќа „Биг Јелоу Дог Мјузик“ со седиште во Нешвил. Иако на Трејнор ѝ била понудена целосна стипендија на Беркли, таа одлучила да ја продолжи кариерата како текстописец и во 2012 година потпишала договор со издавашката куќа. Ја започнала кариерата како хонорарен текстописец поради нејзината способност да компонира музика во различни жанрови, но не била сигурна дали некогаш и самата ќе стане пејачка. Нејзиниот татко рекол: „Таа мислеше дека е една од буцкастите девојки кои никогаш нема да станат пејачки“. На 24 април 2012 година ја издала песната Која сакам да бидам (Who I Wanna Be).
Во текот на 2013 година, Трејнор често патувала на релација Нешвил, Њујорк и Лос Анџелес, каде пишувала и помагала во продуцирањето на кантри и поп-песни. Таа пеела водечки и пратечки вокали на демо-снимки за други музичари. Трејнор подоцна станала фрустрирана од честите патувања од Нантакет во Лос Анџелес и во ноември 2013 година одлучила да се пресели во Нешвил. Таму напишала песни за многу изведувачи, како: Хантер Хејс, Rascal Flatts, R5, и Сабрина Карпентер.
2014–2017: Пробив на музичката сцена и први албуми Во ноември 2013 година, Трејнор и продуцентот Кевин Кадиш ја напишале песната Ол абаут дет бејс. Тие ја понудиле песната на неколку издавачки куќи, но сите тие ја отфрлиле зашто била ду-воп и не содржела доволно „синт и поп“ елементи. Трејнор подоцна се запознала со Пол Понтиус, агент на A&R за ЕПic Records и му ја извела Ол абаут дет бејс. Понтиус ѝ договорил состанок со претседателот на издавачката куќа, а откако Трејнор ја извела песната пред него, тој 20 минути подоцна ѝ понудил договор. Трејнор го ангажирала Трој Картер за нејзин менаџер и на 30 јуни 2014 година го издала синглот Ол абаут дет бејс. Песната се искачила на прво место на топ-листите во 58 земји, музичкото видео станало вирално, а синглот се продал во 11 милиони примероци. Осум последователни недели бил на врвот на Billboard Hot 100 и од Здружението на музички издавачи на Америка (RIAA) добил дијамантски сертификат. alt=Meghan Trainor performing in Philadelphia in 2014|лево|мини|Trainor performing in Philadelphia during the Jingle Ball Tour 2014 Првото ЕП на Трејнор, Титула (Title), било објавено на 9 септември 2014 година. Трејнор и Кадиш ги компонирале песните. На 21 октомври истата година таа го издала нејзиниот втор сингл Усните се мрдаат (Lips Are Movin), која се искачила на четврто место на Billboard Hot 100, а исто така се пласирала во топ-10 во Австралија, Канада и Нов Зеланд. Списанието Билборд ја ставило на четврто место на списокот „Најдобри нови изведувачи“ за таа година и на 12 место на нивната годишна листа на „Најмоќни луѓе во музиката помлади од 21 година“
Трите самообјавени албуми на Трејнор биле повлечени од продажба пред објавувањето на нејзиниот прв студиски албум со поголема издавачка куќа, Титула.Sources referring to Title as Trainor's debut studio album: Албумот го заменил нејзиното истоимено ЕП на iTunes Store, и бил објавен на 9 јануари 2015 година. На Metacritic добил просечна оценка од 59 врз основа на 13 критики, што укажува на „мешани или просечни критики“. Албумот дебитирал на прво место на американскиот Билборд 200. Ова бил деветти најпродаван албум во светот во 2015 година, со 1,8милиони продадени примероци според IFPI. Подоцна од албумот биле објавени сингловите: Драг иден сопругу (Dear Future Husband) и Како да ќе те загубам (Like I'm Gonna Lose You). Музичкото видео за Драг иден сопругу, кое ја прикажува Трејнор како чисти под во кујна, наишол на критики, а онлајн критичарите поради прикажувањето на традиционалните родови стереотипи го означиле како „сексистички“ и „антифеминистички“. Трејнор пеела во дует со Чарли Пут на неговиот деби-сингл Марвин Геј (Marvin Gaye), објавен во февруари 2015 година.
На 11 февруари 2015 година, Трејнор ја започнала нејзината прва концертна турнеја, Дет Бејс Турнеја (That Bass Tour). На 11 август 2015 година, Трејнор најавила откажување на остатокот од нејзината северноамериканска турнеја поради тоа што планирала да оди на операција на гласните жици „за конечно да се поправи ова еднаш засекогаш“. На 1 септември 2015 година, таа потврдила дека успешно ја поминала операцијата и дека ќе ѝ требаат шест недели за опоравување пред повторно да може да настапи. Кон крајот на 2015 година, американската пејачка Фенси Хагуд го објавила синглот Момчиња како тебе (Boys Like You), во кој настапуваат Трејнор и Аријана Гранде. На 58-мото доделување на Греми наградите Трејнор ја освоила наградата за најдобар нов изведувач. алт=Meghan Trainor performing on stage with a rainbow flag|мини|Трејнор на настап во Вашингтон, за време на Capital Pride во јуни 2016 година Нејзиниот втор судиски албум Благодарам (Thank You) го издала на 13 мај 2016 година. Албумот бил поп, денс-поп и Р&Б албум кој истражува теми како што се самоприфаќање, борба против дискриминирањето и нејзините лични искуства со славата. Трејнор албумот го промовирала преку јавни и телевизиски настапи. По објавувањето, таа тргнала на турнеја под име Недопирлива (Untouchable Tour) (2016), со Хајли Стајнфелд и Комон Кингс како воведни изведувачи. Од Благодарам албумот биле објавени синглoвите: Не, И јас, Подобра (No, Me Too, и Better). Истата година таа била котекстописец на повеќе песни, како: Не сум ти мајка (Ain't Your Mama) од Џенифер Лопес и Ју гата нат (You Gotta Not) од Литл Микс. На 24 февруари 2017 година, Трејнор го издала синглот Јас сум дама (I'm a Lady), кој го снимила за филмот Штрумфови: Изгубеното село, во кој таа исто така го позајмила гласот на ликот Штрумфмелоди.
2018–2021: Во декември 2017 година, Фокс објавил дека Трејнор ќе биде еден од судиите на шоуто Четворицата: Битка за Ѕвезден статус, заедно со Шон Комбс, Диџеј Калид и Чарли Вок. Првите две сезони од емисијата биле емитувани во 2018 година. Трејнор се натпреварувала против пејачката Шанаја Твен во една епизода од шоуто Дроп д мајк (Drop the Mic), кое се емитувало во јануари 2018 година; и двете биле прогласени за победнички. Третиот студиски албум на Трејнор, Почести се себеси (Treat Myself), требало да биде објавен на 31 август 2018 година, но бил одложен бидејќи Трејнор сакала да напише и да сними повеќе песни за него. Водечкиот сингл Без изговори (No Excuses) бил објавен во март 2018 година. Песните Биди во право (Let You Be Right) и Не можам да танцувам (Can't Dance) биле објавени како синглови два месеци подоцна. До крај (All the Ways) бил издаден на 20 јуни 2018 година, а насловната песна била достапна на 20 јули 2018 година. Истата година, Трејнор се појавила во песната од Џејсон Мраз Повеќе од пријатели (More than Friends).
Во соработка со Сигала и Ела Ер, Трејнор го објавила синглот Само што ме платија (Just Got Paid) во кој настапува американскиот рапер Френч Монтана. Подоцна истата година, Трејнор и Шон Пол се појавиле на ремикс на песната од CNCO Еј ДиЏеј. TПочести се себеси бил објавен на 31 јануари 2020 година. Во февруари 2019 година, Трејнор објавила ЕП под наслов Љубовниот воз (The Love Train), кое било промовирано преку музички спотови и ја содржело песната До крај (All the Ways).Music videos for The Love Train:
Трејнор ги снимила песните Опасна жена (Badass Woman) и Тече како река (Run Like the River) за филмовите од 2019 година Измамници и Плејмобил: Филмот, соодветно. Таа, исто така, била гласовна глумица во Плејмобил: Филмот. Во септември 2019 година, било објавено дека Трејнор ќе им се придружи на will.i.am, Том Џонс и Оли Мурс како тренер за деветтата сезона на Гласот ОК, чија премиера била во 2020 година. Таа на 27 септември 2019 година го издала „Wave“ како втор сингл од Почести се себеси, кој бил објавен на 31 јануари 2020 година, заедно со третиот сингл од него Драго ми е што те запознав (Nice to Meet Ya) во кој се појавува Ники Минаж. Албумот добил мешани критики. Трејнор објавила луксузна верзија на албумот во јули 2020 година, на која ѝ претходел синглот Те тера да танцуваш (Make You Dance) (2020). Таа издала празничен албум, Многу Трејнор Божиќ, на 30 октомври 2020 година. Во март 2021 година, Трејнор потпиша целосен договор со NBCUniversal, кој вклучувал нејзино глумење во хумористична серија.
2022 – денес: На 21 јуни 2022 година, Трејнор го објавила Лошо за мене (Bad for Me), водечки сингл од нејзиниот петти студиски албум. Албумот Се враќам назад (Takin' It Back) бил објавен на 21 октомври 2022 година. Во 2023 година Трејнор била судија во Австралиски Идол. Те натерав да погледнеш (Made You Look) бил издаден како втор сингл од албумот и по „Марвин Геј“ станал нејзин прв сингл во топ-10 на Британската топ-листа за синглови. Песната се пласирала во топ-5 во: Ирска, Австралија, и Нов Зеланд; а на Billboard Hot 100 стигнал до 11 место.
На 25 април 2023 година, Трејнор ја објавила нејзината прва книга, Драга идна мајко. Крис Џенер се појавила во спотот за нејзиниот сингл „Мајка“ (2023). Трејнор, истата година објавила соработки со неколку други музичари: Во ред (Alright) со австралискиот пејач Сем Фишер во јуни, Пиле Мало (Chicken Little) со американскиот пејач Спенсер Сатерленд во јули, и Господин Вистински (Mr Right) со англиската пејачка Меј Стивенс во август.
На 14 март 2024 година, Трејнор и Т-Пејн ја објавиле песната Сум била ваква (Been Like This) како водечки сингл од нејзиниот претстоен шести студиски албум, Безвремен (Timeless) (2024).
Во мај 2024 година, Трејнор објавила меѓугалактичко видео за синглот „To the Moon“ од нејзиниот албум „Timeless “.
Дискографија
Титула (2015) Благодарам (2016)