4chan (се изговара: Форчан, ) — анонимна англиска веб-страница за прикачување и гледање слики, како и семрежен форум. 4chan е создаден под влијание на јапонскиот Futaba Channel. Во мигов, тој го надминал Futaba Channel во однос на раздвиженоста и популарноста и е најголемата страница за прикачување слики во светот.

Форчан бил откриен на 1 октомври 2003 г. од Кристофер Пул, познат како „moot“. Првично, во голема мера ги подражавал јапонските страници за прикачување слики, особено Futaba Channel (или 2chan). Првите делови биле создадени за објавување слики и разговарање за манга и аниме. Но популарноста на страницата брзо пораснала, а разговорните теми се прошириле, па се појавиле делови посветени на видеоигри, музика, книжевност, политика, фитнес и спорт.

Веб-страницата често се поврзува и со бројни семрежни поткултури и активизам како „Анонимус“ и популаризирање и создавање на мемови. 4chan е исто така главно место за организирање и извршување на пакости, преплавување разговорни соби и онлајн игри, како и масовни семрежни напади.

Наводи

Надворешни врски

Матична страница Archived TED talk about 4chan by its creator __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Мрежни места