Преземлива содржина (, се чита: Ди-ел-си) — вид распределба на службена цифрена медиумска содржина (медиумски податоци) преку семрежјето. Тоа е додаток за игри, најчесто платен.

Изразот „преземлива содржина“ се однесува на содржина што е создадена за видеоигри и објавена одделно од главната игра. Меѓутоа, концептот се користел за да се однесува на секаков вид цифрена забавна содржина што се распределувала онлајн.

По популаризацијата на микротрансакции во платформите за онлајн распространувања како што е Steam, изразот „DLC“ станал истозначник за каков било вид платена содржина во видеоигрите, без разлика дали тие претставуваат преземање на нова содржина.

Историја Најраниот облик на цифрена распределба во видеоигрите била услугата „GameLine“ за играчката конзола Atari 2600, која им овозможувала на корисниците да преземаат игри преку телефонска линија. Слична услуга, Sega Channel, овозможувала преземање игри на Sega Mega Drive преку кабелска телевизиска линија.

Додека услугите GameLine и Sega Channel дозволувале само распределба на цели игри, тие не нуделе преземлива содржина за постоечките игри. Најблиската услуга до современата замисла за „DLC“ било посебното издание на Earthworm Jim на компанијата Shiny Entertainment, кое било нудено преку Sega Channel, иако сè уште било самостојно преземање.

Наводи

Надворешни врски

Што е преземлива содржина?

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Дигитални медиуми Категорија:Видеоигри