Оштица (Воштица или Устица; , Микромилија; 1927 г. Οστίτσα, Остица) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.
Географија Селото се наоѓа на југозападните падини на Родопите и спаѓа во историско-географската област Чеч. Соседни села се Костен, Малошиица, Даблен, Горна Лакавица, Ловчишта и Муждел. Сместено е на подножјето на врвот Устица (Остица, 700 м).
Историја Во Отоманското Царство Оштица е старо село. Кај него има остатоци од римска населба и гробница.
Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. Општице спаѓало под Испанеполе и е запишано вака — муслимани: 1 домаќинство; немуслимани: 57 домаќинства, ергени - 8, вдовици - 2. Во скратен регистар од 1530 г. сеото Општиче се води со муслимани: 2 домаќинства, ергени - 2; немуслимани: 69 домаќинства, ергени - 11; вдовици - 3.Радушев, стр. 124 Во 1671 г. во Неврокоп биле свикани пратеници од сите села во казата за да сведочат на суд дека им била исплатено откупеното производство од државата. Од муслиманските села бил пратен муслиман, од христијанските христијанин, а од мешаните по еден муслиман и еден христијанин. Селата во кои живееле луѓе со повисок општествен статус се претставени од нив без оглед на вероисповедта. Во тој документ Устица (Обештица) било претставувано од муслиман.Страшимир Димитров. Помохамеданчванията в Неврокопско XV-XVIII век Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската Каза за 1723 г. за селото Опуштиче се запишани само 22 муслимани.Радушев, стр. 244 Од ова се гледа дека исламизирано на населението зела замав доста подоцна.
Во XIX век Оштица било муслиманско село во Неврокопската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Устица (Oustitsa) било село со 48 домаќинства на 150 Македонци муслимани. Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Устица имала машко население од 159 Македонци муслимани кои живееле во 48 куќи. Според статистиката на на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Устица (Воштица, Ошица) живееле 550 Македонци муслимани во 90 куќи.
Во селото секоја година се одржувал голем панаѓур меѓу 26 и 30 октомври. На него се продавале аби, шајаци и друга стока од месно производство.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Оштица живееле 103 семејства со вкупно 542 жители.
Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според грчка статистика во истата година во Остица (Οστίτσα) живееле 587 лица. Во 1920 г. тие спаднале на 417 жители.
Во 1923 г. еден дел од населението, како муслиманско, е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, но друг дел се преселил во преку границата во чечките муслимански села во Пиринска Македонија. Во селото се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1927 г. селото е преименувано во Микромилија (Μικρομηλιά), во превод „мало дрво“. Во 1928 г. Оштица е заведена како чисто доселеничко село со 173 грчки дојденци (61 семејство).
За време на Граѓанската војна (1946-1949) целото население на селото е преселено во внатрешноста, а по војната само дел од него се вратил во Оштица.
Населението се занимава со одгледување на тутун, жито, компири и други земјоделски култури, како и со сточарство.
+ Месности во Оштица преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Боразик Μποραζίκ Ерипия Ερείπια бивше село СЗ от Вощица на българската граница Цаханас Τσαχανᾶς Петалоидес Πεταλωειδὲς Баир Μπαΐρι Плагиес Πλαγιές месност И од Оштица Кољарба Καλιάρμπο Епимикес Επίμηκες поранешно село СИ од Оштица Чал Τσάλ Тамни Θάμνοι врв СЗ од Оштица Керазлик Κεραζλίκ Керасорема Κερασόρρεμα река СЗ од Оштица, лева притока на Доспат Бара Μπάρας Авлакорема Αὐλακόρρεμα река СЗ од Оштица, лева притока на Доспат
Население
Наводи
Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)