мини|Балон Калимеро (ОО-БИЕ) на Балонфеста Барневелд 2022 Калимеро (јапонски: カリメロ, Каримеро) — аниме серија заеднички продуцирана од Јапонија и Италија за црното пиле Калимеро, кое претходно се појавило во италијанското ТВ шоу Рингишпил, било создадено во 1963 година и било претставено на италијанската публика до одреден степен кога била објавена серијата. На создавањето на ликовите работеле во студиото Организација Паго, а пилето било искористено и во италијанска реклама за сапунот Мираланза АВА, каде што покажува дека пилето всушност не е црно, туку многу валкано, а по капењето со сапун станува бело.

Ликот бил двапати лиценциран од јапонското студио „Тоеи Анимација“, кое ја продуцирало и првата аниме серија во црно-бело од 15 октомври 1974 до 30 септември 1975 година, а подоцна било објавено и во боја. Биле објавени вкупно 47 епизоди. Втората серија била продуцирана од истото студио од 15 октомври 1992 до 9 септември 1993 година, и тука биле објавени 52 аниме епизоди. Серијата се емитувала на многу телевизиски канали во Западна Европа. Во 2014 година било објавено продолжение, целосно направено во компјутерска графика.

Заплет Заплетот се врти околу преслаткото, но несреќно антропоморфно пиле Калимеро, кое е единственото во неговото семејство кое е родено со црни пердуви, а не жолти, како останатите. Калимеро секогаш ја носи лушпата од јајце на главата. Во речиси сите епизоди, Калимеро и неговите пријатели се обидуваат да откријат чудни појави и да се најдат во смешни или непријатни ситуации. Гласовни актери

1972 година

Калимеро (јапонски: カ リメロ) - Кацуе Мива Присила (јапонски: プ リシラ) - Мичико Номура Питер Џобата (јапонски: ピーター ジョバッタ) - Канета Кимоцуки Џулијано (јапонски: ジュリアーノ) - Охара, Норико Бута (јапонски: ブ ータ) - Масако Нозава Депа (јапонски: デ ッパ ) - Сачико Чиџимацу Мајка на Калимеро (Цезира) (јапонски: カリメロの母) -  Масако Нозава Татко на Калимеро (Галетони) (јапонски: カリメロの父) -  Кеничи Огата Господин Був (јапонски: フ クロウ先生) - Џоџи Јанами

1992 година

Калимеро - Шинобу Адачи Присила - Акеми Окамура Питер (јапонски: ピ ーター)  - Акимаса Омори Џулијано (јапонски: ジュリアーノ)  - Јуџи Уеда Сузи (јапонски: ス ージー ) - Нацуми Сасаки Рошита (јапонски: ロシータ) - Хироко Касахара

2013 година

Калимеро - Рејчел Бергер (англиски) / Фани Блок (француски) / Ајака Асаи (јапонски) Присила -Voiced by: Наике Фаувеа (француски) / Руми Окубо (јапонски) Џулијано (Валериано во англиската синхронизација )- Жорж де Витис (француски) / Кокоро Кикучи (јапонски) Питер (Пиерот во англиската синхронизација) - Паскал Селем (француски) / Тору Сакураи (јапонски) Сузи - Рен Като (јапонски) Пепе - Томојуки Марујама (јапонски)

Мобилна игра Мобилна игра со име селото на Калимеро (анг: Calimero's Village) била објавена за IOS и Android во 2015 година од BulkyPix.

Културно влијание

Еден од сингловите на велшки јазик на рок бендот Супер крзнени животни се вика Калимеро.Текст из песни на валлийском «Calimero wyt ti’n gwisgo wy ar dy ben» (Калимеро, ты носишь яйцо на своей голове) Француската пејачка Брижит Фонтен заедно со музичката група Стереолаб го создадале синглот Калимеро.Такст песни на французском: «Je suis Caliméro, le vilain poussin noir» (Я — Калимеро, озорной чёрный цыплёнок). Во 1970-тите и 1980-тите, еден израз почнал да се шири меѓу воената полиција на израелската армија - Калимеро, бидејќи главите на војската биле бели и обликувани како јајце. Во Холандија и Белгија постои термин: „Комплекс Калимеро“, кој опишува личност која е сигурна дека светот е против него, само затоа што бил послаб или изгубен во нешто. Прототипот за ова била омилената фраза на пилето „Тие се големи, јас сум мало, не е фер или не!“ Во Словенија, во сличен случај, го користат изразот „тој се однесува како Калимеро“ или „не биди како Калимеро“.

Наводи

Надворешни врски

Официјална веб страна Првата реклама на Калимеро (1963) Калимеро (аниме) — Енциклопедија на Anime News Network (англиски) Калимеро 1992 (аниме) — Енциклопедија на Anime News Network (англиски) Категорија:Аниме од 1974 Категорија:Аниме од 1992 Категорија:Карикатури од Италија Категорија:Анимирани серии Категорија:Анимирани ликови Категорија:Аниме од 2013