Десетобој или декатлон — атлетски повеќебој (десет дисциплини) за мажи воведен како атлетичка дисциплина во 1884 година во САД. На распоредот на Олимписките игри десетобојот првпат се најде во Стокхолм 1912.
Натпреварувањето во десетобој се одржува два дена по следниов распоред, а меѓу секоја дисциплина треба да има одмор од 30 минути: Прв ден: 100 м, скок во далечина, фрлање ѓуле, скок во височина, 400 м. Втор ден: 110 м со пречки, фрлање диск, скок со стап, фрлање копје, 1500 м.
Наводи
Категорија:Спортови Категорија:Атлетика Категорија:Поединечни спортови Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ